Министерство за правда: Ќе се интензивира реконструкцијата на затворите
Министерството за правда соопшти дека ќе се интензивира реализацијата на проектот за реконструкција на казнено-поправните установи во Република Северна Македонија, кој се спроведува со кредит од Банката за развој на Светот на Европа.
-Министерот за правда Кренар Лога на средбата со вицегувернерот на Банката за развој на Совет на Европа, Томаш Бочек и Арно де Вердиер кантри менаџер од Банката за развој на Советот на Европа, разговараа за приоритетните прашања поврзани со условите во затворите, третманот , постапувањето со притворените и ослудени лица со цел постигнување на ресоцијализација и рехабилитација на лицата кои издржуваат затворски казни, соопшти Министерството за правда.
Претставниците на Банката побарале во најкус можен рок преземање на ефективни мерки за санирање на штетите настанати во полу отвореното и отвореното одделение во КПУ-КПД Идризово, велат од Министерството за правда.
-Министерот се заблагодари за целокупната поддршка за реализација на Проектот со кои се опфатени повеќе казнено поправни установи меѓу кои и воспитно поправниот дом во Тетово и затворот во Куманово.Оценката и напредокот на состојбите во пенитенцијарниот систем се дел и од пристапниот процес за членство на Република Северна Македонија во Европската Унија, соопшти Министерството за правда.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пронајдени таблети кај осуденик во штипскиот затвор
Од затворот Штип вчера било пријавено дека…
(Видео) Ужасни услови во затворот во Куманово
Нема вода, а тоалетот кој го користат…
Полицајци привеле осуденик, па немало место во…
Тројца полицајци од Битола заработија кривична пријава,…
(Видео) Запалено возило на командир во битолскиот…
Возило на командир во битолскиот затвор било…
ЕКСКЛУЗИВНО ВИДЕО: Прво барал рушвет, па сега…
Новиот в.д директор на КПУ затвор Струмица,…