Објавено на:

Министерство за спорт за враќање на гордоста на спортска Македонија!?

t

Министерство за спорт за враќање на гордоста на спортска Македонија. На спортот му е потребна сериозна реформа, за повторно државава да ги има резултатите и успесите кои ги имаше пред само неколку години. Извршниот директор на РК Вардар, Борко Ристовски смета дека вакво министерство е непходно со цел да справување со најголемите проблеми, како што се корупцијата, непотизмот и се што го донесе македонскиот спорт до ова ниво.

-Спортот ни е на едно ниво кое што е далеку од просекот, а камо ли да се надеваме на успеси врвни, дали се работи на репрезентативно или за клупски план. Генерално во Македонија и во спортот владее корупција, владее непотизам огромен, така да мислам дека Министерство за спорт ќе биде едно решение кое што ќе донесе помал маневарски простор за оние кои се влезени во спортот за да имаат некој личен бенефит, а од друга страна ќе ги отвори портите на професионализмот, на резултатите, изјави Ристовски.

Пред само неколку години работите во спортот беа сосем други. Македонија во кошарка беше четврта во Европа, во ракомет петта, а фудбалските репрезентативци играа на Европско првенство. Во два наврати европски првак беше РК Вардар, ФК Вардар пак испиша историја прв пат пласирајќи се во групна фаза од европско натпреварување. Според Ристовски постои потенцијал повторно да ги има овие успеси, доколку спортот се ослободи од стегите во кои бил последниве години и кои ги спречуваа бизнисмените да инвестираат во македонските клубови.

-Да и стопанствениците се чувствуваат покомотни, посигурни да се ослободат, да вложуваат во спорт, да корупцијата ја сведеме на минимум, затоа што знаеме дека корупција никаде во светот нема нула, меѓутоа ќе се обидеме да ја сведеме на минимум, да повторно оние луѓе кои што се ентузијасти, кои што имаат можност финансиска да инвестираат во спортот, а ние сме тука за тие пари да ги насочиме правилно низ развој и едукација на млади кадри, на македонски кадри, изјави Ристовски.

Инаку, планот на ВМРО-ДПМНЕ за трансформација на Владата предвидува ново Министерство за спорт, односно Агенцијата за млади и спорт да премине во Министерство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Гренел: Албин Курти е проблем и сите…

Американската амбасада во Приштина синоќа соопшти дека…

Филипче го повика Мицкоски веднаш да ги…

Доколку Мицкоски поседува било какви информации за…

Братот на заменикот на Тошковски имал врски…

Не стивнуваат контроверзите околу „чесните кадри“ и…

Вјоса Османи носела торба полна пари и…

Извори на Инфомакс од аеродромот во Скопје…

Уапсена прилепчанка барана со потерница за казна…

На 05.08.2024 во 12.55 часот во Прилеп,…