Објавено на:

Министрите за финснсии на земјите од Г20 со поделени ставови за Русија

t

Министрите за финансии на 20-те најголеми светски економии (Г20) на дводневната средба во Индонезија постигнаа силен консензус за прашања како што е глобалната безбедност на храната, но беа поделени во ставот за руската инвазија на Украина.

Американската министерка за финансии Џенет Јелен рече дека поради разликите во ставовите, министрите за финансии и гувернерите на централните банки не дадоа конечна изјава, но се согласија дека мора да дејствуваат поради влошувањето на безбедноста на храната.

Остри санкции

Западните земји воведоа остри санкции кон Русија, која ја обвинуваат дека извршила воени злосторства во Украина, што Москва го негира. Другите членки на Г20, вклучувајќи ги Кина, Индија и Јужна Африка, беа воздржани.

– Ова се предизвикувачки времиња затоа што Русија е членка на Г20 и поинаку ја карактеризира војната во Украина – рече таа.

Високите западни функционери, меѓу нив Јелен и нејзината канадска колешка Кристија Фриланд, во петокот ја осудија војната и ги обвинија руските власти за големите економски тешкотии во светот кои се последиците од таа војна.

Гувернерот на Индонезиската централна банка, Пери Варџијо, денеска ги повика земјите-членки да се фокусираат на целите за глобално економско закрепнување. Аналитичарите велат дека неуспехот на министрите за финансии на Г-20 да постигнат договор за текстот на финалната декларација е одраз на слабост на некогашната високо влијателна група.

Без резултати

– Ние сме без лидерство во економскиот свет со Г-20 парализирана од војната на Путин и Г7 неспособни да го преземат водството во управувањето со јавните добра – рече Кевин Галагер, раководител на Центарот за политика за глобален развој во Бостонскиот универзитетски центар.

Индонезискиот домаќин, министерот за финансии Шри Мулјани, кој претседава со дводневниот состанок, изрази надеж дека делегациите ќе постигнат заеднички став за зголемените цени на суровините, растечката криза поради несигурност со храната и неможноста на земјите со ниски приходи да отплатат долг.

Г-20 се обединија на почетокот на пандемијата на коронавирус, но иницијативите за усвојување мерки за ублажување на шокот за високо задолжените земји не дадоа резултати.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кулеба ќе ги убедува африканските држави да…

Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ќе…

Зеленски: Русија минатата недела употребила над 600…

„Руската борбена авијација, со сите средства, мора…

Сијарто: Прекинот на транзит на нафта од…

Министерот за надворешни работи и надворешни економски…

Русија ќе обезбеди поддршка за Северна Кореја…

Рускиот претседател Владимир Путин денеска му порача…

Блумберг: Размена на затвореници меѓу Русија и…

Новинарот на „Волстрит журнал“ Еван Гершкович и…