Миовски со посебни копачки против Велс, посветени на трагедијата во Кочани

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски на натпреварот со Велс во квалификациите за Мундијалот ќе одигра во посебни копачки. Истите се направени од „Swifthadot Studios“, светски познатиот бренд кој го изработува човекот со потекло од Македонија, Сатја Грабулоски.
Копачките ќе бидат посветени на настраданите од трагедијата во Кочани. Миовски ќе игра во копачки како основа имаат македонско знаме, има црн симбол во чест на загинатите во пожарот и бел ореол со симбол на ангелите околу него.
„Секој човек има своја приказна и секој човек има свое животно патување. Навраќајќи се во моето детство додека ги држев моите први копачки, се сетив дека кажав нешто што длабоко посакував: „Еден ден со цело срце ќе играм за мојата земја“ и еве ме, по многу години, играм за Македонија, мојата земја, бисерот на Балканот.
Овие специјализирани копачки имаат исклучително значење, со свето нешто – моето национално знаме и иницијалите на моето семејство.. На денешниот натпревар за македонската репрезентација, ќе ги носам во чест и сеќавање за сите што ги загубивме на 16.03.2025 година, за сите кои се уште се борат за своите животи и за сите семејства. Нека почиваат во вечен мир упокоените души, сите мои молитви за повредените“, напиша Миовски.
На копачките се испишани и буквите „БСМ“ со латинично писмо, а тоа е за семејството на Миовски – Бојан, Сара и Матео.
Извор: Гол.мк
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Миовски со посебни копачки против Велс, посветени…
Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски на натпреварот со Велс во квалификациите за…
Приходот од влезниците за мечот со Велс…
Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар…
ДУИ: Фактот дека од 35-те приведени лица,…
Демократската унија за интеграција изразува најискрено сочувство…
„Мајкино око душата ми е распарчена“: Млада…
Трагедијата која го погоди Кочани и целата…
Факултетско студентско собрание на Филозофскиот факултет при…
Независно Студентско Собрание при УКИМ соопшти дека…