Мирен протест утре во Крива Паланка поради проблемот со кравите
Во Крива Паланка утре ќе се одржи мирен протест поради фамозниот проблем со кравите и со нивното неконтролираното движење и штетите што тие ги предизвикуваат врз приватен имот и земјоделски површини.
Како што информираат од Општина Крива Паланка, протестот е организиран од граѓани, а поддржан од претставници на 16 месни заедници. Локалната самоуправа испрати потсетување до јавноста и медиумите за одржувањето на собирот, нагласувајќи дека станува збор за мирен протест.
„Општината ја поддржува законската рамка и целосното спроведување на донесените решенија и ја повикува јавноста на одговорно и мирно учество“, се наведува во соопштението.
Од локалната власт апелираат граѓаните да го изразат својот став на достоинствен начин, со цел надлежните институции да преземат соодветни мерки за решавање на проблемот кој подолг период предизвикува реакции во јавноста.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мирен протест утре во Крива Паланка поради…
Во Крива Паланка утре ќе се одржи…
Здружението на јавни обвинтиели со апел: Политички…
Здружението на јавните обвинители апелира до сите…
(Видео) Герила акција: Илиевска и Чулаковки обезбедија…
Поранешната претседателка на Советот на Општина Битола и претставничка…
Сведочење на гитаристот на ДНК за „Пулс“:…
Пожарот настана над бината и се ширеше…
Се огласи Бране по тужбата од Заев:…
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, преку објава на социјалните…