„Мириса околу Охис, се стравува дека е од линданот“: Трајковски бара итни мерки за граѓаните
Кандидатот за градоначалник на Кисела Вода од редовите на СДСМ, Горан Трајковски вели дека ако биде избран, ќе преземе се што е во негова надлежност и моќ за заштита на здравјето на граѓаните поради воздухот.
„Но засега, можам само уште еднаш да апелирам до надлежните институции: Изминатите неколку дена се шири многу непријатен мирис на радиус од 2-3 километри од ОХИС. Мирисот е толку интензивен, особено во вечерните часови, што околното население од Пинтија, Усје и Градинар информираат дека наликува како да живеат во самиот круг на фабриката, и стравуваат дека потенцијален причинител на ова е токсичниот линдан, складиран во фабриката“, напиша Трајковски на Фејсбук.
Тој вели дека ова е прашање кое бара итна, а не одложена реакција.
„Уште еднаш апелирам до институциите:
* да се спроведе итна инспекција и соодветни мерења на загаденоста на терен
* Јавно да се информира за изворот на мирисот и да се каже јасно, дали е поврзан со линданот во Охис!
* Доколку мерењата покажат загадување и токсичност на воздухот, особено ако причинител е линданот, да се превземат привремени мерки за заштита на локалното население, до решавање на проблемот и додека не стане безбедно за нив.
Здравјето на нашите сограѓани е во прашање – неопходно е веднаш да се реагира“, реагира Трајковски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Мириса околу Охис, се стравува дека е…
Кандидатот за градоначалник на Кисела Вода од…
Повторно недостиг на терапии на Клиниката за…
Претседателката на Либерално-демократската партија, Моника Зајкова, преку…
“Стоп за Вардариште”: Утре со почеток од…
Од иницијативата “Стоп за Вардариште” објавија дека…
БИРН: Богати Руси под санкции добиваат српско…
Пет руски државјани добија државјанство со одлука…
Димитриевски: Убеден сум дека ЗНАМ ќе победи…
Движењето ЗНАМ – за наша Македонија вечерва…