Миркуловски: Вечерва има еден победник – народот кој покажа срце!
Кој и да победи на ракометниот спектакл „Сите ѕвезди“, победникот ќе биде ист – Македонија. Меѓутоа, Филип Миркуловски, во изјава за МРТ потсети дека целиов спектакл има и подлабока поента од ракометот.
Популарниот Жути вели дека победник е народот и великодушното срце.
„Некој да ми кажуваше дека ќе се случи ваков натпревар, вака добро организиран и да изгледа вака убаво. На крајот ќе има еден победник, народот кој покажа големо срце, ја исполни салата за да бидат донирани средства на оние на кои им се многу потребни, децата од СОС Детско село. “, вели Миркуловски.
Не се сите од ветераните во топ-форма, но покажаа зрелост, искуство и најважно – хемија.
„Не ни беше многу тешко да се воиграме. Ние сме биле 10-15 години заедно, па по кратко време веќе ни е јасно кој каде трча кој каде додава“, додаде Миркуловски.
Извор: Спорт1.мк
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Што ако Иран го затвори Ормутскиот Теснец?
Расте можноста конфликтот Иран-Израел да ескалира понатаму…
Aмериканците кренаа раце од нас? Хил: САД…
Поранешниот амбасадор на САД во Србија смета…
„Вината за Кочани е во врвот на…
„Речиси четири месеци, Мицкоски и Тошковски се…
Тошковски: Ја намаливме стапката на криминал во…
Панче Тошковски, министер за внатрешни работи, во…
(Видео) Снимен земјотресот во Охрид утринава
Краток, но силен земјотрес утрово во 04:35…