Миркуловски емотивно: Чест ми е што 20 години играв за Македонија – Секогаш давав максимум, така ќе биде и во иднина!
Филип Миркуловски ќе остане запаметен како еден од најголемите борци во репрезентацијата на Македонија. Со триумфот над Чешка, популарниот Жути се прости од репрезентативниот дрес. По крајот на дуелот, тој го изнесе своето мислење за јавниот сервис.
„Првичната цел е остварена, се пласиравме на СП што беше најважно. Ова беше последен меч со многу емоции. Сите години, секогаш било добро чувството кога играш за репрезентација. Чест ми беше што 20 години играв за Македонија. Секогаш давав максимум, се надевам така ќе биде во иднина“.
„Јас кога започнав со репрезентативната кариера беше многу тешко. новите генерации имаат полесна задача, како нешто што остана од генерацијата со Кире, Ванчо, Стоилов и останатите. Сметам дека на мојата позиција има доста добри ракометари, како Митев и Атанасијевиќ. Дај Боже да ме престигнат и мене бидејќи тоа ќе биде добро за репрезентацијата“, изјави Миркуловски.
Македонија ја надигра Чешка и се пласираше на Светското првенство, кое ќе биде 13. голем собир во низа.
Извор: Гол.мк