Мисајловски: Безбедносната состојба во Македонија е стабилна но мора да внимаваме на потенцијалните економски индикатори
Безбедносната состојба во Македонија е стабилна но како што кажавме и на самиот Совет за Безбедност мора да внимаваме на потенцијалните економски индикатори поради проблемот со Ормутскиот теснец и тоа што се случува таму, 1/5 од нафтата поминува од таму, изјави вчера Министерот за одбрана Владо Мисајловски во емисијата „ClickPlus“ на ТВ21.
„Гледате веќе сега станува многу сериозно во околината на сите овие земји не можеа да стигнат до своите танкери и бродови и така натаму и тоа влијае многу на пазарот
влијае на економијата и тоа е дел каде што и ние ќе чувствуваме рефлексија апсолутно, и тоа се почувствува може да видиме и на бензинските пумпи се случува нели, ценовен шок би рекол за многу многу граѓани во делот на покачување на енергенсите и на горивата, изјави Мисајловски
Тој додаде дека во зависност од тоа колку ќе трае начинот и рефкелсијата на теренот, такво и ќе биде влијаето и врз други економски параметри.