Мисајловски: Македонија има стратешки пријатели, имаме стабилна и безбедна ситуација
Мисајловски рече дека планот за мир на американскиот претседател доналд Трамп е за поздравување, бидејќи веќе четири години во Украина гинат луѓе.
-Ние го поздравуваме ова што го прави американската администрација, претседателот Доналд Трамп бидејќи само со оваа иницјатива може да се стигни до мир, затоа што веќе четири години гледаме како во Украина за жал гинат луѓе, рече министерот Мисајловски..
Мисајловски за средбата со украинскиот претседател Влодимир Зеленски на маргините на Минхенската безбедносна конференција рече дека имале интересна средба при што биле отворени повеќе прашања, и на кој начин може да се помогне, притоа додавајќи дека Македонија има помогнато многу како сега така и во минатото.
-Имавме интересна средба, премиерот и ние како делегација, се отворија многу теми, но се разбира поддршката што ја даваме не е мала, како сега и во имантото. Моментално што се случува на бојното поле, што се следните чекори, што очекуваат властите во Украина бидејќи секој ден имаме многу ракетни напади, особено со Киев и други градови, снемува струја, гинат луѓе, и како секоја земја членка на НАТО се отвара прашањето како може да се помогне. Ние веќе сме помогнале многу, но ние дополнително треба да гледаме тука дополнително да го обновиме тоа што претходно е дадено, но истовремено да бидеме лојален партнер и да имаме стратешки пријатели, појасни.
Македонија има стратешки пријатели во НАТО и надвор од НАТО вели министерот Владо Мисајловски.
Она што е важно во овај период што Македонија има стратешки пријатели, имаме стабилна и безбедна ситуација што е многу важно за една целосна безбедносна слика, потенцираше Мисајловски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мисајловски: Македонија има стратешки пријатели, имаме стабилна…
Мисајловски рече дека планот за мир на…
ОН: Откритијата во досиејата на Епстин може…
Таканаречените „досиеја на Епстин“, кои неодамна ги…
„Политико“: Канадскиот премиер формира голем трговски сојуз…
Канадскиот премиер Марк Карни покрена иницијатива за…
Воена вежба на крајбрежјето и во водите…
СВР Охрид известува дека, утре (17.02.2026 година)…
Вучиќ за сојузот на Тирана, Загреб и…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека…