Мислат дека немаме интернет дома: Мицкоски на Фејсбук се пофали со инвестиција која ја донесе СДСМ – Македонија била повторно твоја
Ветивме и секојдневно макотрпно работиме Македонија да стане повторно ваша!
Денес два нови чекори кон таа цел.
Ова утрово го објави на својот фејсбук профил премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски.
Тој посочи дека денеска ќе има средба со британскиот амабасадор за договорот за стратешко партнерство, но потсети на поставувањето ан камен темлник за нова фабрика во ТИРЗ Скопје.
– Прво, заедничка прес конференција со Британскиот амбасадор Метју Лосон за бенефитите од постигнатата согласност за договор за стратешко партнерство со Обединетото Крластво, со кој се отвора вратата за инвестициски циклус за 6 милијарди евра во земјава.
Второ, камен темелник на нова фабрика во ТИРЗ Скопје, која претставува надеж и нов почеток.
Инвестицијата на компанијата Шахтерм само во прва фаза ќе изнесува 25 милиони евра со 200 нови работни места, додека планот е оваа инвестиција да има и втора фаза каде што вкупната вредност на оваа инвестиција ќе изнесува 50 милиони евра и бројот на вработени се планира да биде над 500.
Ова е проект што не само што ја развива економијата, туку и ја потврдува стабилноста и напредокот на нашата земја.
Нашата борба е за подобар живот, подобар стандард и иднина – заклучи Мицкоски.
Инаку 23 ноември 2023 година тогашниот директор на ТИРЗ, Јован Деспостовски објави дека турската компанија „Шахтерм“ ќе инвестира 70 милиони евра во изградба на нов производствен капацитет во ТИРЗ Скопје. Веќе наредниот месец во декември беше формирана Шахтерм Македонија, а досега се спроведуваа подготвителните работи за изградба на произведствените погони.

Одлуката за инвестиција е постигната на средбата во Бурса, Република Турција на директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски и генералниот менаџер на компанијата Фарук Шахин.

-Со денешната одлука, „Шахтерм“ станува нов член на семејството на ТИРЗ. Разговорите, посебно оваа последна рунда не беа воопшто лесни. Но, она што е важно на крајот е одлуката на компанијата да инвестира во Македонија и да имаме нови 1.000 работни места за нашите сограѓани, изјави Деспотовски при објавувања на одлуката во седиштето на компанијата.
Тој изрази и благодарност за сите институции, како и Амбасадата на Македонија во Анкара за поддршката при разговорите со компанијата.
-Денешниот успех е успех и за стручниот тим од Дирекцијата за ТИРЗ, кои во исклучително кусо време успеаа да ги препознаат нашите клучни барања и потреби, што ја овозможи и оваа одлука денес. Продолжуваме да растеме заедно, истакна Шахин, генералниот менаџер на „Шахтерм“.
Компанијата ќе почне со реализација на инвестицијата во 2024 година и во следните 10 години е планирано отворање на над 1.000 нови работни места. „Шахтерм“ има повеќе од 40 години искуство во дизајн и производство на системи за греење за бела техника и апарати за домаќинство. Во моментот, „Шахтерм“ е дел од водечките пет компании во оваа дејност на глобално ниво, со повеќе од половина од годишното производство наменето за пазарите надвор од Турција. Листата на клиенти е составена од познати светски производители на бела техника и апарати за домаќинство како “Вирпул“, „Амика“, „Горење“, „Беко“ и „Кенди“.
Новата инвестиција ќе опфати и центар за истражување и развој, а ќе преставува прв производствен капацитет на „Шахтерм“ надвор од Република Турција.
Со постигнување на овој договор, од почетокот на годината во ТИРЗ обезбеден е вкупен обем на нови инвестиции од над 450 милиони евра, кои носат над 7.000 нови работни места.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…