Мистериозно труење во Србија: Пет лица побарале помош, цела зграда евакуирана?
На пет лица од Ниш синоќа им била укажана помош во Универзитетскиот медицински центар во Ниш поради симптоми предизвикани од труење од сè уште неутврден извор.
Како што велат, синоќа околу 20 часот и 30 минути во болницата во Ниш пристигнале две жени вработени во амбулантата на улицата „Драгише Мишовиќ“ со поплаки предизвикани од труење. Набрзо се појавиле уште три лица со истите симптоми.
На местото на настанот се испратени пожарникари и полиција кои ја евакуирале целата зграда.
Како што потврдија за Телеграф.рс, четворица пациенти се отпуштени по укажаната помош, а ниту петтиот нема сериозни последици. Вработените се отпуштени на домашно лекување.
Изворот на труењето сè уште не е откриен, а се сомнева дека она што ги предизвикало тегобите на овие луѓе дошло однадвор.
Полицијата спроведе истрага, информираат Основното јавно обвинителство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Гужва на граничните премини: На Богородица задржувањето…
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,…
Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…
Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…
(Видео) „ВМРО-ДПМНЕ подготвува криминал тежок 2 милијарди…
„СДСМ денес алармира за сериозен сомнеж за…
Производителите на пченица се во загуба ако…
Благојче Богоески е млад земјоделец од село…
Премиерот повторно излажа: За учество на избори…
Да се тврди дека зголемувањето на прагот…