Објавено на:

Мистерија: Вториот загинат на Пирин е Македонец ама не се знае како двете тела завршиле на исто место кога не се познавале претходно

t

Бугарските надлежни служби соопштија дека е утврдено оти телото на вториот починат турист пронајден на една од падините под врвот Вихрен на планината Пирин му припаѓа на 55-годишниот Драган Глишиќ, жител на Австрија по потекло од Македонија.

Како што информира БТВ, по речиси 20-часовната спасувачка акција на падините на Пирин, телото на Глишиќ и на вториот починат, 69-годишниот бугарски државјанин Пламен Христов се пренесени на обудкција.

Дописникот на МИА од Софија јави дека е утвредено оти Глишиќ и Христов починале како последици на повреди здобиени при пад.

Глишиќ допатувал сам во Банско пред Нова година со неговиот автомобил со австриски регистарски таблички. Според неговиот пријател Горан Безениќ, тој и Глишиќ се познаваат од деца и често патувале низ Европа. Безениќ посочува дека Глишиќ претходно бил службено во Бугарија, од каде заминал на скијање во Банско.

Бугарските медиуми посочуваат дека останува мистерија како телата на двајцата починати завршиле едно до друго, имајќи пред вид дека според расположливите информации тие не се познавале и Глишиќ немал пријатели во Бугарија.

Јавното обвинителство на Бугарија започна предистражна истрага за смртта на Глишиќ и Христов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Конечно добри вести: Двајца од повредените кои…

Двајца од повредените во пожарот во кочанската…

Повеќе од 600 ЛУЃЕ во Бугарија дарувале…

Нема значителна промена во општата состојба на…

Бугарија: Преку 500 луѓе досега дале крв…

Над 500 граѓани во Бугарија досега дарувале…

Таравари од Бугарија: Двајца пациенти се екстубирани…

Двајца од жртвите во пожарот во Кочани,…

Пациентите од Кочани пренесени во Бугарија се…

Тешка е состојбата на настраданите од трагичната…