Митовски: Дури и ДЕА не ѝ верува на македонската полиција, па ги држи во тајност информациите до последен момент

t

Зборувајќи за институциите, кои наместо да му служат на народот, работат за приватни интереси и џебови, Александар Митовски во вечерашното гостување во „Заспиј ако можеш“ истакна дека дури и ДЕА не им верува на македонските органи, како што беше примерот со акцијата на Плетвар, кога беше запленет еден тон дрога.

„„Има истрага, има одговорност, има било каква информација за еден тон дрога фатена на автопатот Скопје-Куманово која што дошла преку скопскиот аеродром? И доколку не била во таа ситуација информацијата на американската агнција ДЕА, ние не би ни знеле дека постои така пратка која што пристигнала во Македонија и потоа од тие прекрусори се правел анфетамин и се продавал низ улиците низ Македонија. Јас пробав да добијам информации за текот на истрагата, од Обвинителството велат дека само се известени за случајот, а немаат добиено никакви информации од МВР за предистрага, а од МВР велат го известивме обвинителството и толку. Претпоставувам дека и ДЕА изгубила доверба во македонските институции па чекала до последен момент за дојавата да ја сподели со македонските органи за да ја пресечат пратката“, кометираше Митовски.

За потсетување, во возилото во коешто се превезуваше дрогата беа фатени цариникот којшто ја одобрил пратката да помине без проверка, и полицаец, а комбето било обезбедувано од возило на службата за следење и разузнавање на царина, со ротации за да го помине тој пат без проблем.

Митовски потсети и за акцијата во „Планина“, во којашто требаше да биде ставен крај на кланот од Грчец. За таа акција слушнавме од обвинителката Русковска дека таму акцијата била издадена, осомничените биле предупредени и заминале и ги отстраниле доказите дека таму воопшто постоела дрога.

Кој тоа би можел да ја издаде акцијата?, прашува Митовски.

Митовски откри дека оперативниот штаб на акцијата „Планина“ го сочинувале членови од Обвинителството за организиран криминал и корупција, претставник на МВР од Организиран криминал, странски агенти на амерканската служба и по еден претставник од германската и француската служба за спречување на трговија со дрога.

„Од тоа јас што го знам за претставникот од МВР, тие информации укажуваат на тоа зошто ДЕА не се впушта во директна соработка со МВР за информациите што ги имаат, туку ги кажуваат на три минути пред акцијата“, открива Митовски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

Бајден повика на смиренот во американската нација:…

Бајден нагласи дека американската политика „никогаш не…

Приватните детски градински не се решение, дополнително…

Приватните детски градински не се решение, дополнително…

Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…

Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…

„КОЧАНИ СЕ ГУШИ ВО ТОКСИЧЕН ЧАД“: Левица…

Од политичката партија „Левица“ велат дека се…