Митовски им се заблагодари на сите од Македонија и Бугарија кои помогнаа во гаснењето на пожарот во Крива Паланка!
Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, денеска преку објава на социјалните мрежи им се заблагодари на сите од Македонија и Бугарија кои помогнаа во гаснењето на големиот пожар во Крива Паланка.
Во продолжение целосната објава на градоначалникот Митовски:
– Кога природата се разбеснува, кога огнот ја голта шумата и заканува на директно на домовите… тогаш вистинската сила на еден народ, на еден град, се гледа во тоа кој ќе застане рамо до рамо со тебе.
Длабоко, длабоко се поклонувам пред секоја пожртвувана рака, секое срце што чукаше за својот град. Нема зборови што ќе можат целосно да го опфатат тоа што го сторивте, но ќе се обидам да ви се заблагодарам – како човек, како пријател, како ваш градоначалник:
Kosta Kostadinov, мојот колега и брат од Струмица – веднаш се стави на располагање.
Dragan Anastasov, градоначалникот на Пробиштип – со отворено срце.
Митко Јанчев, градоначалник на Кавадарци – кој од првиот миг реагираше.
Ognian Atanassov градоначалник на Ќустендил – не само што испрати екипи, туку лично дојде и застана со нас-рамо до рамо.
Амбасадорот на Република Бугарија во РСМ-за неговата лична вклученост и Владата на Република Бугарија – за поддршката и човечноста.
Припадниците на АРМ и МВР, кои не размислуваа ни секунда – само дејствуваа, со срце и ред.
Вработените и директорот на подружница Кр.Паланка на Македонски шуми
Вработените од Општина Крива Паланка
Компаниите: месарница Алка, градежни компании Дине Трејд и Трново М, рудник Тораница и уште многу други кои безрезервно помогнаа – со вода, со храна, механизација, логистика.
ЈП Комуналец – хероите во сенка.
Црвениот Крст – за грижата, за логистиката, за тоа што не сте „само организација“, туку душа на хуманоста.
Посебна благодарност до момците од ТППЕ Крива Паланка – нашите вистински лавови! Нема зборови доволни за вашата храброст. Секоја минута беше борба за живот.
И, најмногу – вие, луѓе мои, народе мој, кои тргнавте со шишиња вода, со лопати, со чисто срце, со ништо друго освен љубов кон Крива Паланка!
Вие сте срцето на овој град. Ви се поклонувам! Оваа борба нема да се заборави. Ќе се памети како денот кога покажавме дека Крива Паланка не се предава! Никогаш!
Ви се поклонувам и од срце Ви благодарам за вашата лавовска борба!
Исто така целиот тој тежок и драматичен ден, покрај храброста на нашите пожарникари, доброволци и граѓани, едно нешто остави посебен и силен впечаток – тоа што луѓето можеа да нè видат сплотени и обединети пред заедничкиот предизвик. Без поделби, без политички предзнаци – само со една цел: да го заштитиме нашиот град.
Затоа дозволете ми да ја споделам и оваа важна информација – во текот на вчерашниот ден, лично Премиерот Hristijan Mickoski ме контактираше во неколку наврати, нудејќи поддршка и координација. Во целата акција активно се вклучи и директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, кој ја следеше ситуацијата во реално време и обезбеди воздухопловна поддршка. Истовремено, пратениците Ljupcho Nikolovski и Emil Spasovskiдадоа свој придонес и изразија подготвеност за соработка, а во текот на денот беа и лично присутни на терен.
Ова не е време за поделби, туку за обединување. И верувам дека граѓаните тоа го препознаваат и го ценат. Само заедно – со чесност, истрајност и емпатија – можеме успешно да се справиме со вакви големи предизвици.
Кога е најтешко – ние сме најсилни.
Кога е опасно – ние не бегаме, туку застануваме заедно.
Ова не е само град. Ова е семејство. Ова е љубов. Токму ова е Крива Паланка. – напиша Митовски на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Митовски им се заблагодари на сите од…
Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, денеска…
Бугарија нуди помош за гаснење на пожарите,…
Република Бугарија понудила помош за справување со…
Бугарското МНР за Извештајот: Македонија не успеа…
„Министерството за надворешни работи на Бугарија го…
Европратеникот Радев: ЕП не е историски и…
Бугарија ја стави европската интеграција на Западен…
Македонски државјанин и двајца Бугари загинаа откако…
Тројца луѓе ги загубија животите ноќеска во…