Митовски: Историски најлош извештај за Македонија од ЕУ – Наместо задолжувања на грбот на граѓаните да се искористат неповратните грантови од Унијата!
Ова е најлош извештај на ЕУ за Македонија, вели во гостување на Телевизија 24 градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски.
– Потполно се согласувам со претседателот на СДСМ, Венко Филипче по однос на неговата констатација дека ова е најлошиот катастрофален извештај кој во последните години го има Република Македонија. Од друга страна практично е сето она што СДСМ го говореше во изминативе година дена, констатирани одредена низа пропусти и враќање назад, враќање назад , дефокусирање од европската агенда на државата како што е по основ на селективната правда или неправда, селективната помош кон општините, ширењето на дезинформации, тука ќе ги спомнам и нападите врз новинари, вели Митовски.
Во врска со унгарскиот кредит, средства предвидени за финансирање на општините, Митовски истакна дека приоритет државата треба да даде на неповратните грантови од Европската унија за кои има катастрофални податоци за нереализација во последните година дена.
– По однос на унгарскиот кредит и неискористувањето на европските фондови коишто стојат на можност и на располагање на државата, односно катастрофалната неискористеност којашто до сега е незапаметена. Ние како држава посегнавме по сомнително задолжување, под сомнителни околности околу изворот на финансиските средства, а практично истите се пари на граѓаните коишто сите ние заедно ќе треба да ги сервисираме и да ги враќаме низ годините коишто ќе доаѓаат, а од друга страна имаме ситуација во којашто средствата кои се спрема државата како грантови се тотално искористени во последната година дена, вели Митовски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Митовски: Историски најлош извештај за Македонија од…
Ова е најлош извештај на ЕУ за…
СДСМ: Што ќе правите кога ќе ги…
СДСМ со задоволство го одбележува завршувањето на…
СДСМ: Мицкоски не смее да му писне…
Секој ден што минува, сè појасно станува…
СДСМ заврши над 90% од патот низ…
Со особено задоволство го одбележуваме завршувањето на…
Нов скандал во МВР, милионски тендер за…
Прес-конференција, Каја Шукова, потпретседателка на СДСМ -…