Митовски по почетокот на судењето за „Пулс“: Зошто се крие директната и непосредна одговорност за настанувањето на пожарот – кај инспекторите, полицијата и ДЗС?

t

За жал, почетокот на судскиот процес за трагедијата во Кочани само ги потврди сомнежите дека од оваа постапка освен наративи, нема да поризлезе правда. Или, да бидам попрецизен, правдата која од овој процес ќе биде спроведена ќе биде со ограничен квалитет и со употребна вредност.

Го слушав обвинителот во неговите воведни зборови, кои повеќе личеа на завршни, како го објаснува каузалитетот (причинско последичната врска) помеѓу обвинетите лица со настанувањето на пожарот.

Обвинителот вели дека за оваа трагедија не може да бидат виновни само оние кои во моментот на трагедијата биле на служба (функционери, вработени, полицајци) само затоа што во тој момент се активни службеници, туку виновни треба да бидат и оние кои во моментот на трагедијата не биле на служба но овозможиле преку сторување или несторување оваа дискотека да функционира, што пак довело истата да биде небезбедна и да се случи оваа трагедија.

Дополнително обвинителот вели „секој следен учел од претходниот“ мислејќи на функционерите и бирократските службеници, па така 12-13 години не ја контролирале дискотеката, ниту ја казниле.

Оттука сега се отвара следното прашање:

Ако секој од секого учел како треба да замижува пред нерегуларностите на дискотеката, тогаш зошто меѓу обвинетите не е и директорот на ДЗС кој во време на трагедијата бил одговорен?

Зошто помеѓу обвинетите се само луѓе кои во моментот на трагедијата не биле на служба, а нема луѓе кои биле на служба и учеле од претходните како да замижуваат пред криминалот на Деко?

Како може да се обвинети за предизвикување на пожар лица кои не биле на служба, а да не се обвинети за пожарот лица кои биле на служба?

Ако ги обвинувате од групата ДНК за носење на пиротехниката, каде е обвинението за МВР кои не ги спречиле или не ги контролирале претходно дали имаат дозвола за користење и ракување со таа пиротехника?

Се согласувам дека поради непостапување, корупција, мито, сторување или несторување треба да одговараат сите претходни и актуелни функционери надлежни за овој случај, ама никако не можам да се согласам дека не треба да одговараат актуелните инспектори во УЈП, ДЗС, ДПИ, МВР.

Бидејќи и обвинителот констатира дека во таа дискотека имало постојано незаконско користење на пиротехника, не ми е јасно зошто ниту еден инспектор за оружје не е помеѓу обвинетите иако имал надлежност и морал да ја контролира дискотеката?

Каде е одговорноста за Јавниот обвинител од Кочани, кој исто така не постапувал по пријави, поплаки и допрен глас иако бил врховен спроведувач на законот на подрачјето на ЈО Кочани?

И на крајот, зошто нема постапка за директната и непосредна вина за последиците од трагедијата, бидејќи ова што во моментот се бара е посредна вина и дела кои индиректно довеле до оваа трагедија.

Зошто се крие директната и непосредна одговорност за настанувањето на пожарот – кај инспекторите, полицијата и ДЗС?

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Родителите на загинатите: Загубивме прекрасни деца,…

Во изјави за медиумите дел од родителите…

Митовски по почетокот на судењето за „Пулс“:…

За жал, почетокот на судскиот процес за…

Нема никаков договор со ВМРО-ДПМНЕ, не се…

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р…

ЦУК: Реката Пчиња се излеа кај Пелинце,…

Центарот за управување со кризи соопшти дека…

Изгоре иднината на невини, прекрасни, млади луѓе:…

Во судницата во Идризово денеска се одржа…