Митовски: Според актуелното владеачко миље, новинари се оние кои што имаат подотворен џеб и кој го користат за примање нарачки
Во емисијата „Заспиј ако можеш“, уредникот на Инфомакс Александар Митовски, потенцираше дека според актуелното владеачко миље, новинари се само оние кои што имаат подотворен џеб, и кој што тој џеб го користат за нарачки.
„Новинари според актуелното владеачко миље, се оние новинари кои што имаат подотворен џеб, и кој што тој џеб го користат за нарачки. Според нив само тие се новинари, но, од ние кои што имаме намера да бидеме критични кон било која владеачка елита, не не препознаваат како новинари, туку како непријатели“. – истакна Митовски.
„Впрочем тоа и Зоран Заев го кажа за вашата телевизија, Радмила Шекеринска за нас, за Инфомакс кажа дека сме државни непријатели и затоа не си споменат ти, не е спомната нашата борба за правда, бидејќи според нивното поимање за тоа што треба да биде новинар, ние не сме новинари“. – потенцираше Митовски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Калајџиев: Политиката е таа што го корумпира…
Професорот Гордан Калајџиев говорејќи за реформите во…
Тpамп: Ако победам, ќе ја сменам амеpиканската…
Поранешниот американски претседател и републикански претседателски кандидат…
СДСМ не се откажува од законот за…
Пратеничката група на СДСМ не се откажува од законот…
ДУИ: Барањето за ветинг на политичарите е…
Демократската Унија за Интеграција (ДУИ) ја изразува…
Бајден повика на смиренот во американската нација:…
Бајден нагласи дека американската политика „никогаш не…