Митрески ја повикува опозицијата на конструктивност: Има простор за уставни измени

t

Очекувам дека нема да продолжи тоа што се случуваше претходниот период. Мислам дека ќе победи разумот кај опозициските пратеници. Во вакво време кога енергетската криза е присутна, мораме да имаме функционално Собрание за да излеземе во пресрет на барањата на граѓаните, вели координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митревски откако вчера пратениците повторно седнаа во собраниските клупи.

Тој упати повик до пратениците од опозицијата да бидат конструктивни.

Повторно ја користам приликата да упатам јавен повик. Оптимист сум дека ќе најдеме заеднички јазик како ќе функционира Собранието во наредниот период. Се надевам дека ќе надвладее разумот во ваква ситуација. Сепак сметам дека тоа не е одлука на самите пратеници, туку на раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Овде станува збор за блокирање на сет закони. Нема да успеат да не принудат на предвремени избори… Тоа нема да го дозволиме, ќе продолжиме со работа и ќе пронајдеме сите механизми, изјави Митревски во вестите на Тв Сител.

Околу можнисте уставни измени, пратеникот од СДСМ вели дека има искусни и чесни луѓе меѓу пратениците од опозицијата.

Период во кој што ќе го дадеме за да размислат што ќе прават. Мислам дека има простор за дво-третинско мнозинство во Собранието. Секако дека референдумот е една форма, читам дека опозицијата се уште вршела консултации. Јас во моментов не гледам таква формулација, ние донесовме заклучоци Македонија да ја прифати преговарачката рамка. Што би се ставело на референдум? Ќе го ставиме Договорот за добрососедство? Дали Бугарите треба да влезат во Уставот? Немаме конкретно ништо, појаснува Митревски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Да му помогнеме на малиот Јован –…

Јован е две годишно детенце, близначе на…