Објавено на:

Михаел Шумахер: Црвениот барон на Формула 1

t

Непишано правило е дека освојувањето на Светското првенство во Формула 1 значи добивање постојано место во историјата, но да се оствари тоа со Ферари значи добивање бесмртност. Михаел Шумахер со Ферари пет пати ја освојуваше титулата светски шампион. Шумахер за бесмртноста се бореше, ја освои, на крајот ја потврди. Сега, а многу сигурно е дека и за долго време е најтрофеен во Светското првенство за Формула 1.
Освојувач на седум титули светски првак. Две со Бенетон, 1994-та и 1995-та, и пет со Ферари, од 2000 до 2004 г. Човек кој од тронот го симна легендарниот Фанџо. Сега на врвот е тој – Михаел Шумахер-Шуми. За десет години, од 1994-та до 2004-та, успеа да го направи тоа што пред него никој не можеше да го направи. Го стигна и го надмина дотогаш најголемиот – Фанџо. Како возач победник со тек на времето се соедини со самата Формула 1 како феномен. За тоа и ја доби титулата Црвениот барон на Формула 1. Бескопромисен борец што го напаѓа секој свиок на пистата.
За болидите на противниците и да не зборуваме. Ги претекнува и потоа ги гледа на ретровизорот. Тогаш е најсигурен. Затоа и најчесто е прв на победничкиот пиедестал. Тајната на неговиот успех е константноста во возењето, без разлика што се случува на патеката за време на трката. Најдобар е во дождливи услови, а и среќата му е добар сојузник. Квалитетите на возач и техниката со која го управува болидот му донесуваат една секунда предност од конкурентите во еден круг. Тоа е огромна разлика во перформансот. Ненадоместлива. Всушност, тоа е разликата помеѓу него како најдобар автомобилистички бренд и сите останати конкуренти.
Шумахер е тимски играч кој се одредува во договорената стратегија. Централната улога во тимот е резервирана за него. По правило, тоа е најсоодветната стратегија за неговата победа во трката. Кога на тоа ќе се додаде стекнатото натпреварувачко искуство и итрината на лисица што ја поседува, мозаикот е комплетен. Од фановите во целиот свет е обожаван. Од конкурентите и противниците е омразен, бидејќи им наметна комплекс на губитници. За постигнатите резултати и рекордите што ги поседува е почитуван. Критикуван е за нефер потезите за време на трките, но има доблест да ја признае грешката и да се извини.
Без разлика дали е фален или куден, тој е феноменот на Формула 1. Не постои фан на најголемиот тркачки циркус кој е рамнодушен кон него. Извонреден е како возач, фантастичен лидер и мотиватор, безпоштеден натпреварувач и ривал чија главна караткеристика е бескомпромисноста. Можеби некои многу не го сакаат, но сигурно е дека се воодушевени од неговиот натпреварувачки дух и се восхитуваат на резултатите и успесите што ги постигна. Вистински воин со заслужена титула Црвен барон.
За жал, само еднаш го напушти среќата, и тоа надвор од патеката за Формула 1 – на стазата за скијање во Мерибел во Алпите тој доживеа несреќа при рекреативно скијање и од тогаш големиот, најголемиот шампион во Формула 1 е во кома, за што жалат и тагуваат сите поколници на Формула 1. Но, надежта последна не напушта, па така сеуште се надеваме дека еден ден неповторливиот Шуми ќе ни се врати во реалноста.

Пишува: Сотир Костов

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Производителите на пченица се во загуба ако…

Благојче Богоески е млад земјоделец од село…

Премиерот повторно излажа: За учество на избори…

Да се тврди дека зголемувањето на прагот…

Од ноќеска ново поскапување на дизелот, ова…

Малопродажнaта цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се…

Костадинов ги повика политичарите на ВМРО-ДПМНЕ од…

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов ги повика…

Велибор Манев пред судот: „Сум манипулиран и…

Обвинетиот Велибор Манев, кој се товари за…