Мицкоски: Владата ги презема сите реформи за конечно започнување на преговорите, македонските граѓани заслужуваат да се во ЕУ
Премиерот Христијан Мицкоски порача дека Владата ги презема сите реформи за конечно започнување на преговорите.
Како што вели, македонските граѓани заслужуваат да се во ЕУ.
„Добро е кога Западен Балкан е во оптиката на Европската Унија, тоа е охрабрувачки за граѓаните на Западен Балкан затоа што на тој начин се покажува интересот за нашата заедничка иднина бидејќи Западен Балкан географски припаѓа на Европа и логично е да заедно се интегрира во рамките на ЕУ.
Ние како држава тоа го заслуживме многу одамна бидејќи нашиот пат започна уште пред 25 години, но поради би рекол вештачки причини ние сè уште не можеме да бидеме дел од европското семејство. Како држава и како влада се поврзуваме да го испорачаме сето она коешто е потребно во овој процес, не поради самиот процес туку пред сè поради македонските граѓани, бидејќи тие тоа го заслужуваат. Така работиме до сега така ќе продолжиме понатаму и очекуваме дека билатералните прашања нема да бидат наша пречка туку напротив очекуваме од нашите соседи поддршка во оваа наша амбиција да бидеме дел од ЕУ и она коешто е најважно, да бидеме оценувани според постигнувањето, а не според билатералните прашања“, порача Мицкоски
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски: Владата ги презема сите реформи за…
Премиерот Христијан Мицкоски порача дека Владата ги…
Откриени детали за планот на Западот: Ако…
Речиси четири години по почетокот на руската…
Апсење на полициски службеници во Штип
Инфомакс дознава дека вечерва се спроведува полициска…
Скопје најзагаден град во Европа: Струмица и…
Оваа глетка ги пречека утрово граѓаните во…
Силен арктички бран ќе ја погоди Европа…
Непосредно пред Божиќ, нè очекува нов почеток…