Мицкоски: Владата и владејачката коалиција ќе освојат над 600 илјади гласови
Владата и владејачката коалиција ќе освојат над 600 илјади гласови и ќе бидат апсолутен победник на претстојните избори, изјави премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање дали би имало промени во коалицијата доколку резултатот не биде посакуван.
„Очекувам кампањата да биде за проекти, но очигледно има партија која наместо за иднината, отвора теми од минатото и наметнува реторика од пред три децении. На тој начин сакаат да се заборави сета пљачка изминатите децении. “, рече Мицкоски.
Премиерот додаде дека на овие избори граѓаните имаат избор помеѓу два концепти.
„На овие избори, граѓаните ќе избираат помеѓу концепт кој 20 години ја опустошуваше Македонија и визија во која сите заедно ќе ја градиме иднината“, заклучи Мицкоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски: Владата и владејачката коалиција ќе освојат…
Владата и владејачката коалиција ќе освојат над…
Возач од Куманово возел под дејство на…
На 10.08.2025 во 11:55 часот на регионалниот…
Нов план на Грета Тунберг: „Ќе ја…
Кон крајот на месецов, од неколку медитерански…
Рјабков: Русија никогаш нема да толерира уцени…
Русија никогаш нема да ги толерира методите…
РАЗРЕШЕНИОТ НАЧАЛНИК Е ВО РОДНИНСКИ ВРСКИ СО…
Левица обелоденува нови информации за разрешениот началник…