Мицкоски: Вложување и модернизација, а не затворање на РЕК Битола

t

Идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ нема намера да го стави катанецот на РЕК Битола. Напротив, има намера да вложи многу пари во негова модернизација и подобрување на еколошките перформанси на комбинатот, изјави денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Мицкоски смета дека состојбата во електроенергетскиот сектор во земјава е катастрофална.

И најавата од менаџментот и раководството не само во РЕК Битола, туку и во поранешно ЕЛЕМ, денешно ЕСМ дека без никаков критериум, без никаква методологија, претпоставувам тоа ќе биде уште еден партиски реваншизам на Васко Ковачевски и групата околу нему кон политичките неистомисленици според нив, да бркаат луѓе, да ги праќаат на принуден одмор затоа што тие не успеале добро да го менаџираат комбинатот, односно да постојат основани сомневања дека се злоупотребуваат јавните набавки и на тој начин владее криминал и корупција во самото поранешно ЕЛЕМ, а денешно ЕСМ, изјави Мицкоски.

Мицкоски пред РЕК Битола упати две пораки. Првата порака, како што рече, е до вработените во поранешно ЕЛЕМ, денешно ЕСМ, дека идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ нема намера да го затвора РЕК Битола, туку напротив да вложува во негова модернизација и подобрување на еколошките перформанси, кога станува збор за заштитата на животната средина и почистиот воздух.

Нема да има партиски подобни или неподобни, туку ќе има работници коишто си ја вршат работата и работници коишто не си ја вршат работата. Да бидат сигурни, безбедни и тие и нивните семејства дека идната влада на ВМРО-ДПМНЕ нема намера кон никого да се реваншира и никого да брка од комбинатот, туку планира профитабилно да го води исто така како што го остави во 2017 година со милијарда и пол денари депозити, со повеќе од 350 милиони денари на сметката, со нула долгови – комбинат којшто во тоа време произведуваше, а за жал сега се послабо произведува, речиси воопшто, изјави Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање. 

Втората работа се однесува до раководството на РЕК Битола и денешно ЕСМ дека за она што го прават ќе има одговорност.

Следната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе бара одговорност за ова што го правите изминативе четири години, а посебно што сега си играте со човечки судбини, со човечки животи во очи на големите христијански празници, како што се Божик и Бадник, луѓето и семејствата да се плашат дали ќе имаат или нема да имаат достоинствена трпеза, рече Мицкоски.

Според него, се работи за лошо менаџирање и постојат основаните сомнежи за криминалот којшто се случувал во ЕСМ. 

Одговарајќи на новинарско прашање за зголемувањето на цената на струјата, Мицкоски смета дека состојбата ќе биде хаотична и оти ќе има зголемување за околу 15 отсто. 

Ќе се укинува евтината тарифа преку ден, едно од изборните ветувања во 2017 година, која што од прилика 5 до 7 проценти ќе ја зголеми цената на електричната енергија, дополнителни 10 проценти лавираат со информациите и со брифинзите, од 9,5 до 10,5, што би значело некаде околу 15-тина проценти во нето вредност би требало да се зголеми цената на електричната енергија, според тие јавувања коишто ги слушаме од Владата, рече Мицкоски. 

Посочи дека од енергетските компании најавуваат стечај, најавуваат банкрот. Компаниите коишто на слободен пазар набавуваат електрична енергија ја плаќаат четири пати поскапа, а Владата, како што рече, нема слух за помош кај нив.

Прашан за зголемувањето на цената на парното, Мицкоски изјави дека од 1 јануари може да се случи да останеме без затоплување и голем дел од домаќинствата коишто користеле централно затоплување да ги вклучат греалките, инверторите, клима-уредите и наеднаш, какошто рече, да дојде до енергетски шок, односно зголемена побарувачка и потрошувачка на електричната енергија.

Повторно и ова претставува една од оние авантуристички политики на оваа влада на што предупредувавме. Затоа да сумирам, потребни се предвремени парламентарни избори, да дојдат луѓе коишто знаат како да ги решаваат овие проблеми без граѓаните да почувствуваат сериозни последици, бидејќи состојбата во државата е катастрофална, рече Мицкоски.

Одговорајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ од Пелагонискиот регион имаа прес-конференција на која соопштиле дека ќе иницираат предлог-закон во рамки на Парламентот со којшто, како што рече, ќе се забрани увоз на тутун се додека и последното ливче од тутунот не биде откупено од македонските тутунопроизводители. Повика вработените од Земјоделскиот инспекторат да ги посетат откупните центри и да го видат однесувањето на откупувачите и да поразговараат со луѓето коишто го продаваат тутунот, односно тутунопроизводителите бидејќи, како што рече, има индиции за големи злоупотреби. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фала Мицкоски и Тошковски – Нов парк…

Во Радуша никнува нов парк, но не…

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

Бајден повика на смиренот во американската нација:…

Бајден нагласи дека американската политика „никогаш не…

Приватните детски градински не се решение, дополнително…

Приватните детски градински не се решение, дополнително…

Мицкоски на средба со дијаспората во Њујорк

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски оствари средби…