Мицкоски во среда прави лидерска средба – прашање е кој ќе се појави?
Средбата е закажана и на неа ќе дојде мнозинство од пратеничките групи во македонското Собрание, но одлуките нема да бидат донесени со консензус поради извесното отсуство на опозициските социјалдемократи. Во вакви околности задутре напладне, во скопскиот Клуб на пратеници, ќе се одржи закажаната лидерска средба на партиите што имаат пратенички групи во македонското Собрание. Домаќинот, премиерот Христијан Мицкоски, може да смета на доаѓањето на партнерите од владината коалиција – „Вреди“ и движењето ЗНАМ, но и на дел од партите од опозицискиот табор. Во такви околности ќе треба да се донесе одлука околу идејата на премиерот за укинување на „пржинската влада“, модел што се практикува 100 дена пред секои парламентарни избори уште од 2016 година. Но и да се расправа околу сетот реформски закони, изборното законодавство и други теми.
– Ние го потврдивме нашето учество и доаѓаме на средбата со став со кој ќе го поддржиме укинувањето на обврската да се формира техничка влада пред избори – ни изјавија денеска од движењето ЗНАМ.
Од друга страна, од редовите на опозициската Левица соопштија дека ќе дојдат на средбата.
– Како парламентарна партија што година и пол се обидува да воспостави комуникација со парламентарното мнозинство преку предлагање закони, преку консензус за некои државни прашања, сметаме дека сега е време да влеземе во конструктивен дијалог. За нас е најбитно да се создаде демократска атмосфера во текот на изборите и нашите барања ќе одат во таа насока – истакна нивниот пратеник, Амар Мециновиќ.
Најголема неизвесност, пак, постои околу тоа дали на упатената покана ќе одговорат претставниците на опозициската партија ДУИ. Партиската портпаролка, Арта Биљали, ни рече дека ја добиле поканата и за попладневните часови најави градење партиски став.
– Тогаш ќе биде донесена одлуката дали ќе дојдеме на средбата – изјави Биљали за весникот ВЕЧЕР.
Лидерот на најголемата опозициска партија СДСМ, Венко Филипче, уште минатата недела категорично ја одби поканата.
– Средба со криминалци нема да има. Техничката влада мора да останем затоа што таа е последната линија на одбрана од целосно заробување и злоупотреба на најважното, а тоа е слободната волја на граѓаните во текот на изборниот процес. Таа може да се укине само тогаш кога ние би биле зрело општество, а ние тоа сега, во овој момент, не сме. Секој што го поддржува укинувањето во овие околности ги поддржува криминалот и корупцијата на власта – нагласи тогаш Филипче.
И покрај ова, од редовите на социјалдемократите најавија дека ќе учествуваат на парламентарните избори и во ситуација без нив да се донесе одлука за укинување на техничката влада. Исто така, ќе даваат и поддршка за да се изгласаат реформските закони.
Премиерот Мицкоски минатата недела изјави дека планира да свика лидерска средба со претставниците на парламентарните политички партии со цел да се постигне консензус околу укинувањето на „пржинската влада“.
– Не би сакал да влегувам во таков еден процес без да имаме консензус, затоа што мислам дека е тоа политички некултурно, затоа што мислам дека таков вид измени во политичкиот систем треба да се носат со консензус. Ако велиме дека техничката влада е некаков имплант, ако велиме дека техничката влада, можеби, има проблеми и со уставноста, го кочи системот, не му дава доволно простор за маневар, ајде да ги направиме и тие измени – порача Мицкоски, потсетувајќи дека пред последните парламентарни избори во 2024 година, раководството на СДСМ велело дека тие се за бришење на техничката влада.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски во среда прави лидерска средба –…
Средбата е закажана и на неа ќе…
Струмичанец удрил полицаец на патарина и се…
Вчера во 18:40 часот на наплатна станица…
Бензините и маслото за домаќинство поскапуваат
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и…
Изграсани новите членови на Судски совет
Професорката Арлинда Кадри Шакиновиќ и адвокатката Сузана…
Над 8.500 дозволи за работа за странци…
Вкупно 6.128 странски државјани добиле дозволи за…