Мицкоски ги замолил Грција и Бугарија за поддршка на патот кон членство во Европската Унија

t

Христијан Мицкоски барал безусловна поддршка од Грција и Бугарија на евроинтеграцискиот пат за време на неговата посета на Брисел, пренесува бугарски „Новините.бг“

Според Мицкоски, Грција и Бугарија би требало да понудат „безусловна“ поддршка за Македонија согласно двата билатерални договори – Преспанскиот договор и Договорот за добрососедство со Бугарија, пренесува „Новините.бг“.

Оттаму велат дека за време на Самитот на лидери од Западен Балкан во средата, Мицкоски одржал и кратка средба со Бугарскиот премиер Димитар Главчев, на кој Мицкоски ги потенцирал билатералните разговори во врска со идентитетските прашања, на кој му објаснил дека истите не можат да бидат разрешени бидејќи се со „емотивен набој“ и побарал рационален пристап за решавање на овие прашања.

Мицкоски потенцирал дека во двата договори, Преспанскиот договор со Грција и Договорот за добрососедство со Бугарија, ги обврзуваат двете земји членки на ЕУ да ја поддржуваат Македонија на патот кон членство во Европската Унија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Минималната плата во Грција од 1 април…

Од 1 април годинава, минималната плата во…

Во САД одбележан Денот на независноста на…

Воената соработка на Вашингтон со Атина е…

Грција: Дете се задушило јадејќи портокал на…

Лекарите во Грција се борат за животот…

Конечно добри вести: Двајца од повредените кои…

Двајца од повредените во пожарот во кочанската…

Повеќе од 600 ЛУЃЕ во Бугарија дарувале…

Нема значителна промена во општата состојба на…