Мицкоски: Ги решаваме проблемите на граѓаните

t

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски“ во гостување во вечерашната емисија ,,Само интервју“ на Канал 5 телевизија, посочи дека ВМРО-ДПМНЕ ги решава проблемите на граѓаните, за разлика од ДУИ која 20 години ништо не направи, а води кампања само на картата етничка омраза.

„Ние немаме формален договор со никого, ние сме рекле таму каде што има потреба и цениме дека ќе има потреба, ќе се поддржуваме. Еве ќе ви дадам еден пример, пред некој ден, во неделата, во скопската општина Бутел, во населеното место Љуботен и Љубанци, две етнички различни средини, 100% Македонци и огромно мнозинство Албанци, ние пуштавме проект којшто значи решавање на деценискиот проблем за водоснабдување на тие две населени места. Иако дел од нив сведочеа дека активистите на ДУИ во тоа населено место, правеле притисоци никој да не излегува. Но, напротив тие излегоа масовно, да дадат поддршка бидејќи ние решаваме проблем којшто овие 20 и кусур години беа во Влада, што денеска водат кампања на една тема, а тоа е етничка омраза, не успеале да го решат, ние сега го решаваме. Им велат не одете, не давајте поддршка, нив ги интересира само личниот интерес, нив не ги интересира колективниот“, рече Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: Ги решаваме проблемите на граѓаните

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски“ во гостување…

Мицкоски ги спушти очекувањата од ниту еден…

,,Не е тајна дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата…

„Пулс“ ќе го суди судијката која ги…

На 19 ноември во судницата во Идризово…

Обвинувањата на ФСБ: Нов фронт во информациската…

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) излезе…

Тинејџер од Македонија повторно осомничен за терористички…

Двајца тинејџери, еден со потекло од Македонија…