„Мицкоски го продаде кучата“: Реприза од 2018-та година – комитити на батерии не го даваа името, а сега идентитетот, историјата и јазикот
Информацијата и фарсата во Собрание може да ви помине, но промена на Уставот НЕ, напиша рано утринава претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски со што им соопшти на сите свои членови и 10-тици илјади луѓе кои повеќе од 10 дена се на улица дека за џабе бил трудот.
Најлошите стравови на македонскиот народ ќе се остварат, се е договорено отиде и идентитет и историја и јазик…
Прашањето е што тоа што Мицкоски најави дека утре ќе мине во Собранието?
Македонија утре дефакто ќе се согласи сите бугарски барања во однос на идентитетот, јазикот и историјата и истите ќе станат дел од преговарачката рамка, односно преговорите со Европската Унија, Договорот за добрососедство и бугарските толкувања на истиот, но и Преспанскиот договор со Грција.
Македонија во преговарачката рамка се обврзува прогресивно да ги усогласува своите политики во однос на трети земји како што се Бугарија и Грција!
Со објавениот детален протокол е јасно дека кога се говори за усогласување на политиките на Македонија со трети земји се мисли на бугарските барања кои во целост ќе го сменат идентитетот на Македонецот, но и ликот на Македонија.
Согласно протоколот кој е услов за влез на Македонија во ЕУ во рок од две години Македонија ќе мора да ги промени учебнициите по историја, натписите на историските споменици како Самоиловата тврдина во Охрид, но и на спомениците како оние од Скопје 2014-та. На пример на споменикот на Цар Самоил на плоштадот Македонија ќе треба да стои „бугарски цар“.
Секој лош збор за Бугарите во историски и денешен контекст ќе биде толкуван како говор на омраза од бугарска страна, што значи дека македонската држава ќе мора да ги казнува своите граѓани за да Македонија не добие ново вето на патот кон Европската Унија.
Ова ли е готова работа господине Мицкоски?!
Реприза на 2018-та година
Откако пред 30 години Македонија на 8-ми септември 1991 година гласаше за независност на државата и отцепување од Сојузна Југославија, на 30 септември 2018-та година беше наметнат референдумот за промена на името на државата, референдум кој наиде на бојкот на огромно мнозинство на граѓаните, а одлуката од истиот беше неважечка.
Да потсетиме како гласеше прашањето за тој референдум „ Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција“
Сепак волјата на граѓаните не беше испочитувана, а опозициската ВМРО-ДПМНЕ немо проследи гласање за отворање на Уставот, а потоа и промена на истиот. За трагедијата да биде уште поголема 8-мина пратеници кои гласаа за Северна Македонија беа токму од редовите на опозицијата.
Денеска ни се повторува сликата од 2018-та година, 10-тици илјади граѓани на улиците со денови, инцидентит на протестите и во најмала рака непрофесионално однесување од страна на полицијата, масовни апсења, хушкачи по телевизиите, а при првиот камен Христијан Мицкоски и раководството на партија исчезнува од пред институциите пред кои се протестира.
Утре Мицкоски и неговите пратеници во Собранието ќе го следат говорот на претседателката на Европската Комисија, Урсула Фон Дер Лајен која е дел од семејството на ВМРО-ДПМНЕ на Европски Народни Партии. Но без разлика дали ќе го слушаат говорот или ќе го напуштат Собранието, резултатот ќе биде ист, тие нема да сторат ништо за да ја спречат седницата да не случајно ја навредат својата гостинка.
Што значи дека во најмала рака ќе бидат сооучесници во уште едно предавство на сопствениот народ.
Димни бомби
Мицкоски фрли уште една димна бомба пред опозиски настроеното гласачко ткиво во Македонија говорејќи дека нема да дозволи промена на Уставот со која Бугарите би влегле во Уставот.
Само колку за потсетување ова е релативно ново бугарско барање кое се актуелизираше пред околу година и половина. Нејасно е зошто Мицкоски би спречил влез на бугарите во Уставот ако со документите кои ќе минат утре во Собранието сите ќе бидеме избугарчени до недоглед. Зошто Мицкоски во наредните месеци личниот свој пораз, но и поразот на целиот македонски народ ќе го слави како некаква победа дека спречил влез на Бугарите во Македонскиот Устав кога од утре сите ние ќе бидеме Бугари?!
Наместо димни бомби за своите гласачи можеме слободно да му предложиме на Мицкоски да активира вистинска димна бомба во македонското Собрание со што ќе ја спречи утрешната седница и потврдата од Собранието на преговарачката рамка со Европската Унија.
Нека го следи примерот на косовскиот премиер Албин Курти кој за разлика од него како лидер на опозицијата седна во премиерската фотелја.
Едно големо ништо
Дефиницијата на лудоста за Ајштајн е следнава „Да го правиш истото нешто и да очекуваш различни резултати“. Токму ова го прави раководството на опозицијата изминатите 5 години, глумејќи конструктивност, ад хок критики без понудени решенија, неспосбост да стави крај на Владеењето на СДСМ кое ја клекна на колена македонската држава, го понижи Македонецот, ја уништи економијата и ја корумпираше секоја пора од македонското општество.
Но по логиката на Ајнштајн лудио е било кој Македонец да гласа за најголемите две македонски партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ на следните избори, партии кои цели 30 години неспособноста да спроведат вистински темелни промени во општеството и неспособноста да го заштитат Македонецот ја оправдуваат со фактот што Македонија не е член на Европската Унија, а претходно на НАТО.
СДСМ е мртва партија и не постои повеќе, жално е само што заедно со својот погреб сакаат да ја погребаат и Македонија. Но очигледно Мицкоски и неговите најблиски соработници сакаат на една сметка да ја погребаат и својата партија, а тоа ќе се случи на следните избори.
Не е крај на свет
Ако решиле големите македонски партии да се погребаат, не значи дека е крај на светот. Деновиве на улиците на Македонија видовме живо и здраво младо македонско ткиво подготвено да се бори за она што му припаѓа, подготвено да се соочи со пиштоли, пендреци и што ли уште не за Македонија.
Овие млади луѓе, со советите на оние постарите и поискусни ќе ја создадат новата македонска политичка елита, искалена по улиците, а не по бирократските лаверинти во Брисел и по светските Универзитети бидејќи моментот кога си должник и соработник на странска држава престануваш да работиш за својата.
Македонија е подготвена за нови политички опции, опции кои ќе донесат суштински промени во државата, а Христијан Мицкоски веројатно ќе биде првиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ кој никогаш не станал премиер.
И за крај не се глупирајте да ги продолжувате протестите после утрешниот дебакл, народот не излегуваше на улица за предвремени парламентарни избори туку затоа што му е преку глава од понижувањата кои вие ги дозволивте.
Пишува: А. Митовски М. Милошевски
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израел нема да прекине додека не го…
Израелската операција против Иран „нема да заврши…
Израел со 60 авиони го нападна Иран
Израелските воздухопловни сили извршија голем бран воздушни…
Израелски тенк пукал во толпа и убил…
Израелски тенкови денеска отвориле оган врз толпата…
Бугарија веќе шест месеци нема важен лек…
Повеќе од шест месеци – уште од…
Студентите поднесоа нова кривична против Вучиќ за…
Студентите кои ги блокираа правните и медицинските…