Мицкоски: Градоначалниците од СДСМ kpaделе и од осветлување, местеле тендери нивелирајќи цени
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во емисијата „Само интервју“ на канал 5 телевизија, вели дека завршува времето на политичари кои влегуваат во политиката само за да се збогатат, нагласувајќи дека модерните политичари се луѓе кои што работат чесно и транспарентно во интерес на граѓаните.
Модерните политичари се луѓе кои работат чесно, отчетно и транспарентно за народот, не може да имаме веќе политичари бизнисмени. Заврши тоа време кога влегуваа голтари во политика, а излегува милионери, дециден е Мицкоски.
-И тука нема да имам компромис во таа работа. Мораме на граѓаните да им ја вратиме довербата во системот на институциите и тука да немате дилема, затоа што денеска граѓаните се чувствуваат обесправени, се чувствуваат демотивирани затоа што се оставени без помош затоа што гледаат дека институциите не функционира, дека нема владеење на право, дека има многу корупција и криминал. Дневно разговарам со неколку бизнисмени кои што доаѓаат и ги кажуваат процентите во различни институции кои што се приморани да ги плаќаат ако сакааат до добијат работа, рече тој.
Мицкоски откри коруптивен скандал на еден од претходните градоначалници од редовите на СДСМ во една скопска општина кој што преку местење на тендери крадел народни пари за улично осветлување.
Еве ќе ви дадам еден пример, во периодот кој што следи ќе има многу коруптивни скандали кои што ќе ги објавуваме, во една скопска општина, претходниот градоначалник распишал јавна набавка за улично осветлување, на столбови кои што има сијалици лед кои што се потпишува рамковна спогодба и тие столбови треба во порачка од страна на надлежно лице да бидат инсталирани таму каде што треба да бидат. И сега вика вака, столбот од четири метра количина еден е еднакво на 10.000 денари карикирам, столбот од шест метра еден денар, знаете зошто? Затоа што на крај тој треба да биде нај евтин ама столбот од шест метра никогаш нема да биде нарачан, ама овој од четири метра ќе биде неколку пати нарачан затоа што тука треба да заработи и тој градоначалник кој што го нарачал тоа, односно неговиот процент. Лед светилка е 75 вати 2300 денари, лед светилка 150 вати значи двојно поголема моќност е еден денар, вели Мицкоски.
Знаете што направивме? Во разговор со еден од тие градоначалници, му велам нарачај му 100 столбови од овие по 1 денар од шест метри, и кога му кажува на тој кој што треба да ги испорача да донесе 100 столбови, еве ти 100 денари за овие по 1 денар, човекот во несвест падна. И потоа нормално тој кажува со кого делел, како делел итн. Значи има исказ кој што е подготвен и на суд ако се изврши распит да го каже зошто тоа го направил, вели Мицкоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Советник од Левица: Дали Мицкоски забранил исплаќање…
- Откако платите на функционерите беа зголемени…
Одделот за внатрешна контрола не утврди вина…
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски денеска…
Трета опција: ДПМНЕ на дневен ред ќе…
ДПМНЕ на дневен ред ќе носи закон…
Калајџиев: Политиката е таа што го корумпира…
Професорот Гордан Калајџиев говорејќи за реформите во…
СДСМ: Зошто ДПМНЕ го пушти Груби?
„За разлика од ДПМНЕ, СДСМ нема да…