Мицкоски да каже дали свесно или несвесно е дел од сценарио за дестабилизација на Македонија

t

Безбедносни служби на непријателски држави работат на предизвикување на дестабилизација и конфликт во Македонија во пресрет на претстојните избори и ЕУ интеграции, користејќи го примерот на настанот во манастирот Бањска на Косово, вели министерката за одбрана Славјанка Петровска на денешниот брифинг со новинари.

– Нема да навлегувам во детали за информациите кои се разменуваат со пријателските служби, но Мицкоски и Касами треба да одговорат дали во вакво сценарио се влезени свесно и со знаење или несвесно, објасни Петровска на денешниот брифинг со новинарите.

Инаку, Петровска додаде дека крстот на Попова Шапка воопшто не е спорен за никој во Владата на Р.Македонија, но, побара од новинарите да проверат зошто е поставен преку ноќ, без ничие знаење, без благослов и без никаква црковна процедура.

Вревата околу поставениот 15-метарски крст на Попова Шапка кај манастирската црква Свети Наум Чудотворец ја започнаа „трите грации“ на Мицкоски, Касами, Меџити и Гаши кои на прес-конференција го оценија поставувањето на крстот како провокација и побараа истиот да биде отстранет.

Од Црковниот одбор при манастирот „Свети Наум Охридски“ на Попова Шапка по низата реакции за поставениот 15-метарски крст во имотото на манастирот, велат дека на вакво место најприродно е да има крст.

Во случајов со крстот на Попова Шапка тој е поставен по барање на верниците и според Законот за градење не е објект туку урбана опрема, за која не треба дозвола за градба туку решение за поставување, чија законска рамка ниту верските објекти ниту државните институции не ја почитуваат, дополнуваат од одборот.

„Крстот е симбол на христијанската вера и истиот не треба да биде јаболко на раздорот во нашето општество, законот треба да се почитува, но не селективно. Според Законот за градење, па дури и за контејнер за отпад треба да имаш дозвола за поставување, тоа кај нас не се почитува, не само низ Попова Шапка туку и низ градовите, тоа е пракса, а не закон, најголем дел од таа урбана опрема да биде поставена без решение за поставување. Не знам зошто толку се дигна врева за Попова Шапка. Не е подигнат крстот како некои други дури и објекти на државно земјиште, тој е подигнат во дворот на манастирот“, вели архитектот Богосав Божиновски, кој е и член на црковнит одбор на манастирот.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи смета дека поставувањето крст на Попова Шапка е „предизборна игра“ која, рече, најверојатно е договорена помеѓу „националистички сили кои се обидуваат да ги злоупотребат верата и верските чувства во предизборен натпревар“ и да предизвикаат меѓуетнички и меѓуверски тензии

Ја прозва опозициската БЕСА која, како што рече, во отсуство на капацитет да понуди подобар живот на граѓаните „влегла во таков аранжман со националистичките сили“.

Најголрми реакции од јавноста предизвика последната најава за рушење на крстот.

Ќе се отстранува крстот на Попова Шапка, најави првиот човек на Општинскиот инспекторат во општина Тетово Садат Сулејмани. Тој вели дека има одлука да го урне крстот заедно со 5.000 други објекти, без да прецизира кога точно.

„За крстот има одлука за уривање. Кога ќе се отстрани? Во Тетово има над 5.000 решенија за уривање. Гледате дека се трудиме да работиме. Кога ќе дојде време, ќе го направиме тоа“, вели Садат Сулејман, началник на општинскиот инспекторат во Тетово.

Осуда за ваквите настани пристигна од ДУИ и СДСМ, засега реакција од ВМРО-ДПМНЕ по ова прашање нема.

Пишуваат: Александар Митовски, Александра Петровска

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фала Мицкоски и Тошковски – Нов парк…

Во Радуша никнува нов парк, но не…

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

Мицкоски на средба со дијаспората во Њујорк

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски оствари средби…

Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…

Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…

Борисов: Со Мицкоски сме „сестри“, но и…

Со партијата на премиерот на Македонија, Христијан…