Мицкоски да одговори како Фетаи со двојно државјанство добил пристап до државни тајни

t

*Фејсбук објава на партијата Левица

Случајот со издавањето на безбедносен сертификат со степен „државна тајна“ на вицепремиерот бипатрид Арбен Фетаи, кој поседува и друго државјанство покрај македонското, отвора сериозни прашања во однос на законитоста на постапката, примената на Законот за класифицирани информации и можната КРИВИЧНА одговорност на повеќе чинители.

Точно е дека согласно член 40 од Законот, функционерите (меѓу кои и Фетаи) не подлежат на оперативни безбедносни проверки, но тоа не претставува основ за исклучување на обврските што произлегуваат од другите одредби! Напротив, обврската за поднесување Барање и пополнување на Безбедносен прашалник постои и за овие лица. Согласно член 39 став 3, Владата како правно лице за своите функционери е должна да достави Барање за добивање на сертификат и задолжителен прилог – Безбедносен прашалник, пополнет и лично потпишан од кандидатот. Барањето мора да биде потпишано од одговорното лице на институцијата, во овој случај претседателот на Владата Христијан МИЦКОСКИ.

Во самиот прашалник, кој е составен и непрескоклив дел на постапката, децидно се бараат информации за државјанството – дали лицето има двојно државјанство, дали поседувало друго државјанство претходно или пак е во процес на стекнување на државјанство од друга држава и сл. Во таа насока, членот 41 од Законот е сосема јасен и не предвидува НИКАКВИ ИСКЛУЧОЦИ ниту за функционерите наведени во член 40!

Таму е наведено дека предуслов за издавање на безбедносен сертификат со степен „државна тајна“ е, меѓудругото, лицето да не е државјанин на друга држава!

Оттука, произлегуваат неколку можни сценарија, од кои секое води до заклучок дека законската постапка е ПРЕКРШЕНА и дека постои основ за кривична одговорност:

– Доколку до Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации (ДБКИ) воопшто не пристигнало Барање и пополнет Безбедносен прашалник, доколку е поднесено само Барање без приложување на пополнет Безбедносен прашалник или пак доколку се поднесени потребните документи уредно пополнети – како ДБКИ го дерогирала Законот и на бипатридот Арбен Фетаи му издала безбедносен сертификат „државна тајна“?;

– Доколку Арбен Фетаи при пополнувањето на Безбедносниот прашалник (намерно или ненамерно) НЕ ГО НАВЕЛ второто државјанство покрај македонското, тогаш тој ја затаил таа информација и сторил кривично дело, особено имајќи предвид дека на крајот на прашалникот се потпишува и Изјава за вистинитост, точност и целосност на информациите под морална, материјална и кривична одговорност;

– Доколку постапката за добивање на сертификат ја водел офицер за безбедност на класифицираните информации – и ова лице подложи на одговорност, а доколку Барањето е потпишано и од премиерот Мицкоски, тогаш одговорност постои и кај него.

Овој случај на дерогирање на законите за „мир во куќа“ на ДПМНЕ и ВРЕДИ, до степен на обезбедување пристап до државни тајни на законски непожелно, неповикано лице, претставува СЕРИОЗЕН ПРЕСЕДАН кој ги доведува во прашање интегритетот на институциите, но пред сѐ националната безбедност!

Мојсоска: Арбен Фетаи со двојно државјанство добил безбедносен сертификат за државна тајна, иако Законот не го дозволува тоа

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски да одговори како Фетаи со двојно…

*Фејсбук објава на партијата Левица Случајот со…

Левица: Нов скандал на власта – Јанушев…

Левица утрово обвини дека Владата на премиерот…

Левица: 34 години независност – Македонија сѐ…

По повод одбележувањето 34 години независност, делегација…

Мециновиќ предупредува: Има план за приватизација на…

Има план за приватизација на јавното комунално…

СКАНДАЛ! Учениците во „Ѓорѓија Пулевски“ во Аеродром…

Учениците во „Ѓорѓија Пулевски“ во Аеродром учат…