Мицкоски: Започнува инвестиција од 21 милион евра за набавка на нови електрични локомотиви со поддршка на ЕБРД
– Денес зборуваме за нешто што со децении беше занемарувано, а е од суштинско значење за економијата, извозот и европската иднина на нашата држава, а тоа е железницата.
Со особено задоволство објавуваме инвестиции во железничкиот транспорт во износ од 21 милион евра, наменети за набавка на до пет нови електрични локомотиви, заедно со неопходни резервни делови, изјави премиерот Христијан Мицкоски
– Оваа инвестиција ќе се реализира преку Договор за заем помеѓу МЖ Транспорт и ЕБРД, а ѝ претходеше темелна анализа за реалните потреби, функционалноста и оперативноста на МЖ Транспорт – анализа која јасно покажа дека без модерни и функционални локомотиви, железницата не може да ја исполни својата економска улога.
И мораме искрено да кажеме состојбата којашто ја наследивме беше катастрофална.
До неодамна, МЖ Транспорт немаше ниту една целосно функционална локомотива. Повеќе од дваесет меѓународни товарни композиции беа стопирани во Гевгелија, без можност товарот да се транспортира кон европските пазари. Тоа значеше изгубени договори, изгубени приходи и изгубена доверба. Но, работите почнаа да се менуваат. Со напорна, посветена и одговорна работа, од јули до септември 2024 година беа ставени во функција пет локомотиви, а до февруари 2025 година – вкупно десет од 46 постојни локомотиви. Тоа беше првиот чекор кон стабилизација, но и јасен сигнал дека проблемите не се решаваат со декларации, туку со работа, рече Мицкоски. – Сепак, мора да бидеме свесни за реалноста, просечната старост на дизел локомотивите е над 60 години, а на електричните над 40 години. Тоа не е одржливо, ниту економски, ниту безбедносно, ниту еколошки. Затоа целта на оваа набавка е јасна и недвосмислена, да се зголеми бројот на расположливи локомотиви, да се зголеми капацитетот за транспорт на стоки, и со тоа да се зголемат приходите и финансиската стабилност на МЖ Транспорт. Железницата мора повторно да стане двигател на извозот и логистиката, а не тесно грло на економијата. Посебно важен е еколошкиот аспект. Со фокусот на електрични локомотиви, се движиме кон нула емисија на загадувачки материи. Ова е директен придонес во борбата против аерозагадувањето, во заштитата на животната средина и во развојот на чист, модерен и одржлив транспорт. Во услови на енергетска транзиција, железничкиот транспорт станува клучен фактор за ефикасен, конкурентен и еколошки одржлив систем. Инвестициите во електрични локомотиви и модерни коридори се целосно усогласени со владините политики за интеграција во европските транспортни мрежи. Паралелно со ова, сакам да информирам дека се започнати градежни работи за Линија 1, со вредност на договорот од 360 милиони денари. Ова е оној таканаречен градски воз. Проектот предвидува целосна реконструкција и надградба на постоечката траса, што ќе значи побезбеден, побрз и поефикасен железнички сообраќај. Дополнително, изградбата на брза пруга на Коридор 10 е еден од нашите стратешки приоритети. Преку Договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство, се обезбедени средства за капитални проекти, со кои ја поставуваме железницата таму каде што ѝ е местото – како клучна врска помеѓу Балканот и Европа. Ова не се изолирани проекти. Ова е системска обнова на железничкиот сектор, инвестиција во економијата, во екологијата и во европската иднина на државата. Железницата повторно ја враќаме на шините на развојот – со план, со одговорност и со јасна визија за модерна, поврзана и силна Македонија, потенцираше Мицкоски
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски: Започнува инвестиција од 21 милион евра…
– Денес зборуваме за нешто што со…
УЈП најави привремен прекин на електронските услуги…
Управата за јавни приходи ја известува јавноста…
Претрес во Струга и Крушево, пронајдени пиротехнички…
На 29.12.2025 во 17:30 часот во Струга,…
ДПИ: Во декември времено затворени 26 угостителски…
Државниот пазарен инспекторат во текот на месец…
Му се заканиле со нож и му…
Вчера попладнето малолетно момче било ограбено во…