Мицкоски за вицепремиерот Фетаи: Вложува голема енергија да го учи и зборува македонскиот јазик

t

На неодамнешната промоција на новите регистарски таблички, заменик-претседателот на Владата задолжен за добро владеење, Арбен Фетаи, одлучи на новинарско прашање да одговори на албански јазик, иако прашањето беше поставено на македонски јазик. Откако новинарите го посочија тоа, Фетаи кратко одговори: „Знам, али јас на албански ако може.“

За овој настан денеска реагираше и премиерот Христјан Мицкоски, кој го пофали Фетаи за неговата врвна биографија и образованието.

Како што рече, тој со Фетаи комуницира на англиски јазик бидејќи се иселил од Македонија на 6-годишна возраст.

Мицкоски вели дека Фетаи зборува течно четири јазици, а во изминативе месеци вложувал големи напори да го учи и зборува македонскиот јазик.

„Знам дека не му е намерата како што се обидуваат некои политички центри да ја дефокусираат јавноста. Единствената грешка беше што ако одлучи да одговара на албански јазик, требаше да донесе преведувач. Им се извинувам на новинарите и сум убеден дека тоа нема да се повтори“, истакна премиерот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски за вицепремиерот Фетаи: Вложува голема енергија…

На неодамнешната промоција на новите регистарски таблички,…

Захарова: Варшава ја продолжува својата политика на…

Полска нема докази за наводниот напад со…

Две малолетнички се тепале на улица во…

ОВР Струга вчера во 18:00 часот е…

Мицкоски да одговори како Фетаи со двојно…

*Фејсбук објава на партијата Левица Случајот со…

38-годишен работник од Кина загина во фабрика…

Работник од Кина бил удрен од кран…