Мицкоски за војната во Украина: До каде се македонските резерви за кризна состојба?

t

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на неговата Фејсбук страна објави став за руската агресија брз Украина, во кој вели дека рериторијалниот интегритет на Украина мора да се почитува.

Истовремено Мицкоски запраша до каде се државните резерви на најважни продукти и ресурски во случај на воена агресија?

Го пренесуваме неговиот став во целост:

“Ме прашуваат за став за руската агресија врз Украина, а партиските глодари на СДСМ и ДУИ дополнително ќе речат сум немал став додека ја чекаат коската која треба да ја добијат од стопанот со крадени народни пари. Јас мојот став го кажав јасно и во лице пред дваесет дена на состанок со амбасадорот на Руската федерација во Македонија:

“територијалниот интегритет на Украина како и на секоја суверена земја е константа и мора да се почитува, а сите различни ставови во поглед на актуелните прашања да се решат по дипломатски пат, стои во Фејсбук статусот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Тој напиша дека жали што не можам да стори повеќе и дека се би дал да може да спречи страдање на цивилите и невини човечки жртви.

– Но она што исто е важно за мене како човек и Македонец, како Македонија ќе се справи со актуелните предизвици на економски и енергетски план, какви се резервите со кои Македонија располага во услови на криза која надоаѓа, ќе продолжи ли криминалот и корупцијата како и распродавањето на националните интереси.

Работата на политичарите е да воспостават мир, да градат пријателства и да се даде шанса на дипломатијата. Да се сочува меѓународното право и принципи, да се сопре агресијата и да се почитува територијалниот интегритет на секоја независна и суверена држава, додава Мицкоски во својата Фејсбук објава.

Линк до Фејсбук статусот: https://www.facebook.com/MickoskiHristijan/posts/507430617405536

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украинските сили за противвоздушна одбрана пресретнале 65…

Од Украинските сили за противвоздушна одбрана информираа…

Зеленски: Украина нема да ја признае американската…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека…

Телата на 909 загинати војници се вратени…

Телата на 909 загинати војници се вратени…

Иван Нисов се огласи од Полска: Состојбата…

Еден од повредените во страшниот пожар што…

Се врати во Македонија првиот од 115…

Попладнево во земјава пристигна првиот пациент кој…