Мицкоски: Им благодарам на САД што ја коригираа тарифата од 33 на 15 проценти, оптимист сум дека ќе одиме уште подолу
Премиерот Христијан Мицкоски е задоволен од новите тарифи на САД кон Македонија од 15 проценти.
Одговарајќи на новинарско прашање поврзано со оваа тема, Мицкоски изрази задоволство што Македонија е во групата држави како Норвешка, Израел и ЕУ, но најави и продолжување на разговорите по кои очекува ново намалување.
„Од она што го видовте од соопштението на Кабинетот на претседателот Доналд Трамп, ова е прва фаза, ова не е договор, бидејќи тој рече дека до 1 август ќе ги објави новите царински, односно не се царини, туку трговски маржи, да ги наречам. Ние сме од 33 % намалени на 15 отсто, преговорите продолжуваат, во моментот се наоѓаме на една условно кажано пауза. Веднаш по годишните одмори, што ќе ги користат и администрацијата во Кабинетот на претседателот Трамп и канцеларијата на трговскиот претставник на САД, но и нашите луѓе во министерствата и во институциите, и очекувам во втората половина на август да продолжиме со преговорите. Очекувам уште да одиме подолу. Во соседството, од она што беше објавено, ја има Србија со 35 %, БиХ со 30 %, Швајцарија со 39 % и ние како Македонија сме во иста група со Израел, Норвешка, ЕУ и јас сакам во оваа прва фаза да им се заблагодарам на САД што ја коригираа тарифата од 33 на 15 %. Ние продолжуваме понатаму да преговараме и оптимист сум дека ќе одиме уште подолу“, додаде Мицкоски при посетата на реконструираната Клиника за уво, нос и грло.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски: Им благодарам на САД што ја…
Премиерот Христијан Мицкоски е задоволен од новите…
Поради Илинден, утре во Кочани нема да…
Оваа сабота, 2 август, семејствата на жртвите…
Зеленски: Подготвени сме за мировен самит
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, порача дека…
Го држеа на краток синџир, Калајџиев за…
Не одговори на нашите повици и пораки,…
Вучиќ проговори за пресудата против Милорад Додик
Српскиот претседател Александар Вучиќ денес изјави дека…