Мицкоски: Индустриското производство во jули годинавa порасна за 4,1 процент

t

Континуираниот раст на индустриското производство е многу добра вест за македонската економија, соопшти премиерот Христијан Мицкоски.

Индустриското производство во јули оваа година порасна за 4,1 процент споредено со истиот месец минатата година. Јули е првиот индикатор за третиот квартал од 2025 година, напиша Мицкоски на фејсбук.

„Преработувачката индустрија е носечки фактор за порастот на индустриското производство со раст од 7 отсто споредено со истиот месец минатата година. Кумулативно индустриското производство од почетокот на годината заклучно со месец јули (во првите седум месеци од 2025 година) порасна за 3 отсто споредено со истиот период минатата година, а преработувачката индустрија порасна за истиот период 4,5 отсто. Целосно се менува структурата на македонската економија“, се вели во објавата на Мицкоски.

Нагласува дека расте бројот на туристи и бројот на ноќевања, расте бруто-домашниот производ, расте цената на откуп на земјоделските производи, расте градежништвото, расте трговијата и дека од земја во која криминалот и корупцијата беа секојдневие, а анти националната политика беше заштитен знак за владата, сега сме станале земја на економски раст, победи и стабилност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: Индустриското производство во jули годинавa порасна…

Континуираниот раст на индустриското производство е многу…

Еди Рама продолжува со рушење на дивоградбите…

Албанскиот премиер Еди Рама реагираше со објава…

Кина и Индија се обединија против високите…

Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска, за време…

Шукова: Поддршка за младите уметници и зелена…

Кандидатката за градоначалник на Град Скопје од…