Мицкоски: Кога кажавме дека со БДП сме зад Ирска, Данска и Полска, се исмејуваа, но ќе имаме уште подобар резултат
Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека очекува растот на БДП во вториот квартал да го надмине оној од првите три месеци годинава и да изнесува меѓу 4 и 6 отсто. Тој денеска изјави дека во мај индустриското производство бележи историски раст од 9,4 проценти, извозот на земјоделски производи е поголем за 57 отсто во првите пет месеци од годинава во однос на истиот период лани и биле евидентирани 22 отсто повеќе туристи во првиот квартал споредено со првиот квартал минатата година.
„Кога кажавме дека БДП на реална основа во првиот квартал пораснал за 3,2 отсто споредено со истиот период минатата година и дека тоа е четврти резултат во Европа, веднаш зад Ирска, Данска и Полска, многумина се исмејуваа. Но, сега можам да најавам дека во вториот квартал ќе имаме уште подобар резултат, имајќи ги предвид овие индикатори, дека ќе се движиме меѓу 4 и 6 отсто што е гигантски чекор, зашто првите индикатори од првите два месеца во вториот квартал, април и мај, се огромни“, рече Мицкоски.
Како што рече премиерот во обраќањето на поставувањето камен-темелник на Ветерниот парк Штип, и другите параметри се исто така гигантски – градежништвото, бројот на издадени дозволи, вредноста на објектите кои се мерат во 20, 30, 40, 50 и 60 проценти повеќе споредено со истиот период лани.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски: Кога кажавме дека со БДП сме…
Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека очекува…
Активни се три пожари – гори шума…
Во текот на изминатото деноноќие имало вкупно…
Американски сенатор до Путин: „Што по 50…
Американскиот сенатор Линдзи Греам го поддржа рокот…
Вучиќ најави помилување за девојката што удри…
Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера најави дека…
Толку огласи за вработувања пред избори немало…
Во пресрет на есенските локални избори во…