Мицкоски: Кочани памети, Македонија памети
Денес во Кочани оддаваме тивка, но длабока почит кон невините животи што прерано згаснаа. Една година подоцна, болката и празнината се уште се чувствуваат во секое срце, но заедно со нив живее и сеќавањето на недовршените соништа.
Со голема почит се потпишав во книгата на жалост како искрен чин на почит кон настраданите и како израз на солидарност со нивните семејства и присуствував на комеморативниот настан „Ден на сеќавање -16 март 2025“ во Центарот за култура „Бели мугри“.
Нека споменот за нив остане вечен, а нашата заедничка човечност и единство нека бидат сила што ќе не води напред.
Со длабоко сочувство кон семејствата, Кочани памети, Македонија памети
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски: Кочани памети, Македонија памети
Денес во Кочани оддаваме тивка, но длабока…
Филипче со порака од Кочани: Сочувство до…
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска од…
Мајка на една од жртвите во Кочани…
Мајката на една од жртвите во кочанската…
Преживеан од „Пулс“ со трогателна објава: Животот…
Еден од повредените во тешкиот пожар во…
Една година од трагедијата во Пулс
Денеска се одбележува една година од трагедијата…