Мицкоски: Македонија останува дел од стратешките европски разговори

t

Премиерот Христијан Мицкоски учествува на Самитот на Европската народна партија (ЕПП), каде што се собраа истакнати лидери, претставници на партии и клучни носители на одлуки од цела Европа.

Тој во својата објава на фејсбук профилот напиша: „Самитот беше платформа за размена на мислења и идеи за иднината на Европа, особено ме радува фактот што Македонија останува дел од овие стратешки разговори и партнерства. Нашето активно учество на ваквите меѓународни настани е клучно за зајакнување на позицијата на нашата земја во европскиот контекст и за придонес кон заедничката визија за стабилна и просперитетна Европа“.

„Разговорите и дебатите на Самитот беа значајни за насочување на идните политики, а уште поважно, за градење мостови на соработка со европските партнери. Уверен сум дека ваквите средби се од голема важност за понатамошниот напредок на Македонија на нејзиниот европски пат.

Ова е уште еден чекор напред кон нашите заеднички цели за стабилност, економски раст и посилно присуство на меѓународната сцена“, вели Мицкоски во објавата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нова голема акција на МВР, претреси во…

Припадниците на Министерството за внатрешни работи на…

Приведен Турчин во Скопје за физички напад…

Вчера на подрачјето на Гази Баба, полициски…

Тошковски: МВР работи и во недела, сузбивме…

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски ги…

Вучевиќ: Обвинителството е при крај со истрагата…

Српскиот премиер Милош Вучевиќ денеска изјави дека…

Детали за грабежот во домот на Дончиќ:…

Словенечкиот кошаркар од редовите на Далас беше…