Мицкоски на Самит за проширувањето на ЕУ во Брисел

t

Премиерот Христијан Мицкоски попладнево во Брисел ќе учествува на Самит за проширувањето на Европската Унија во организација на телевизијата Еуроњуз, кој е замислен како собир на кој високи претставници на ЕУ и на земјите кандидати за членство ќе разговараат за иднината на европската интеграција.

Станува збор за прв настан од ваков тип на кој креаторите на политики, експертите и лидерите во телевизиски пренос во живо ќе дебатираат за клучниот избор на Европа: Дали Унијата ќе се прошири и ќе се развива или ќе ризикува стагнација?

– Војната на границите на ЕУ и растечките демократски аспирации во нејзиното соседство го направија проширувањето повеќе од политика: сега тоа е стратешки императив, се наведува во најавата за настанот.

Се очекува Самитот да испита дали хоризонтот на проширување до 2030 година за земјите кандидати за членство од Западниот Балкан и од Источното партнерство е веродостоен или симболичен, како и што би значела подлабоката интеграција за демократијата, економијата и стратешката автономија на Европа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски на Самит за проширувањето на ЕУ…

Премиерот Христијан Мицкоски попладнево во Брисел ќе…

Транспаренси: Само третина од учесниците на локалните…

Транспаренси Интернешнл – Македонија, во рамки на…

Си-Би-Ес драматично го скрати интервјуто со Трамп,…

Емисијата на Си-Би-Ес „60 минути“ во голема…

Пронајдена дрога во возило во тетовско, лишени…

На 03.11.2025 во 21:00 часот на регионален…

Дејвид Бекам ќе добие витешка титула во…

Поранешниот фудбалски капитен на Англија, Дејвид Бекам…