Мицкоски на средба со сопственикот на компанијата „Фор-ај-џи”: Ќе инвестира повеќе од 100 милиони евра во развој на третиот мобилен оператор
Добар ден Македонијо, повторно од овде во Давос, го започна премиерот Христијан Мицкоски своето видео обраќање до македонската јавност за вториот ден во Давос. Во обраќањето кое го пренесуваме, тој истакнува:
„Вториот ден во Давос го започнавме со состанок со сопственикот на компанијата „Фор-ај-џи“ (4iG), компанија која што ја доби дозволата за третиот мобилен оператор во Македонија. Разговаравме за неговите планови, откако нормално ги упати средствата кои што се потреби за добивање на лиценцата. Она коешто тој ме информираше е фактот дека во следниот период ќе инвестира повеќе од 100 милиони евра во развој на третиот мобилен оператор. Што добиваат граѓаните? Граѓаните добиваат нова компанија која ќе нуди мобилни услуги и компанија којашто, сигурен сум дека ќе влијае позитивно во намалување на цените на услугите кои што мобилните оператори ги нудат за граѓаните во Македонија.” – изјави премиерот.
Премиерот бил дел и од панел- дискусијата со светските лидери и претставници на мултинационални компании за предизвиците на човештвото во годините коишто следат, потенцирајќи ја вештачката интелигенција.
,,Кога ќе влезете во суштината ќе сфатите дека за да вие создадете општество кое што во иднина сериозно ќе ја користи вештачката интелигенција потребни се неколку предуслови, пред се сигурна енергетска стабилност и нормално развој, бидејќи сите оние дата центри имаат потреба од струја, односно од електрична енергија и второ ни треба ИТ инженери односно ни требаат инженери кои што ќе ја користат таа вештачка интелигенција за потребите на општеството и потребите на граѓаните. Се разбира дека ние како држава не смееме да останеме надвор од овие процеси, бидејќи тоа се процесите кои што ќе го опишат човештвото во годините кои што следат. Тоа се процесите кои што ќе имаа водечка улога во следните 10, 15, 20, 25 години. Македонија нема да седи на страна, туку Македонија ќе биде активен учесник во сите овие процеси.” – изјави Мицкоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски на средба со сопственикот на компанијата…
Добар ден Македонијо, повторно од овде во…
Дали Мицкоски во Давос бара посредничка куќа…
Информациите кои се доставени до СДСМ потврдуваат…
Драма за време на летот на Трамп:…
Авионот на американскиот претседател Доналд Трамп доживеал…
Вучиќ од Давос: Светот оди во луда…
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави во Давос,…
Фон дер Лајен: Време е да изградиме…
Зборувајќи на Светскиот економски форум во Давос,…