Мицкоски: Не ми пречи албанскиот се трудам да го научам, но официјален јазик на цела територија на оваа држава е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо
Премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на пратеничко прашање, рече дека не му пречи албанскиот јазик, но потенцира дека македонскиот јазик е официјален јазик на цела територија на Македонија.
„Спомнавте за познавањето на македонскиот јазик, според уставот тој е официјален јазик на цела територија. Гледам еве не ви требаат слушалки, но ако ставите ќе имате превод од ова што го зборувам и на албански.
Не ми пречи мене албанскиот јазик, ниту турскиот, ниту српскиот, ниту бошњачкиот, ниту турскиот ниту англискиот, не ми пречи, не знам зошто се вознемирувате. Но, го читаме уставот според него, тоа е сега, дека официјален јазик на цела територија на оваа држава е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо.
Не ми пречи албанскиот, слободно користете си го јазикот. Дури и се трудам да го учам и да го научам. Еве да ви кажам, за некоја година се надевам дека ќе можам и јас да не ги користам слушалките и кога ќе зборувате на албански вака грлато, ќе можам да го разберам тоа затоа што мислам дека преводот не е соодветен за тоа што го кажувате“, рече Мицкоски од собраниската говорница.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски: Не ми пречи албанскиот се трудам…
Премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на пратеничко прашање,…
Викендов започнува летното сметање на времето
Вечерта помеѓу 28-ми и 29-ти март (сабота…
Трамп: Иран ми понуди да бидам врховен…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Иран…
Дурмиши: Нема индиции за енормни поскапувања, инспекциски…
Мерките што Владата ги презеде во изминатиот…
Гаши: Уставот не смее да се отвора…
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, изрази оптимизам…