Мицкоски не смее да писне: ВМРО нема да ја поддржи интерпелацијата за Гаши

t

За утрешната интерпелација за собранискиот спикер Гаши денеска на новинарски прашања одговараше и премиерот Христијан Мицкоски кој рече дека тие, како ВМРО-ДПМНЕ и како пратеничка група на коалицијата „Твоја Македонија“, нема да го поддржат овој предлог.

Според Мицкоски, предлогот за интерпелација за Гаши „е незрело, би рекол глупаво однесување на кооалицијата СДСМ, ДУИ и Левица“.

Тој вели дека апсолутно нема никаков основ за интерпелација на спикерот Гаши и додава дека имаат голем број аргументи за тоа.

„Имаме голем број аргументи зошто тоа не треба да го направиме. Разликата од водењето на Македонија од оваа Влада и онаа Влада предводена од СДСМ и ДУИ е огромна. Тоа веќе и се чувствува насекаде. Можете да забележите насекаде дека сеприсутна е надежта кај граѓаните дека конечно ќе успееме и дека доста се порази и оти конечно ќе почнеме да победуваме“, рече Мицкоски.

Интерпелацијата за Гаши е заснована на седум точки, образложени на десет страници. Во барањето за интерпелација се наведува дека спикерот Гаши уште од почетокот на неговото назначување работи своеволно, нестручно, несовесно и непрофесионално и згора на сѐ противзаконски, неуставно и неделовнички.

Според Левица, Гаши ја повредил секуларноста на државата кога на собраниска седница за одбележување на геноцидот во Сребреница заедно со други присутни извел групна верска молитва.

Како втора причина за барање одговорност од собранискиот спикер пратениците на Левица го наведуваат инцидентот со косовската претседателка Вјоса Османи на скопскиот аеродром.

По инцидентот со Османи, во кој учествуваше шефот на обезбедување на собранискиот спикер, кој доби кривична пријава и отстранување од работното место, и од СДСМ побараа итна смена на Гаши.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски не смее да писне: ВМРО нема…

За утрешната интерпелација за собранискиот спикер Гаши…

Левица: Бројот на ученици се намалува –…

За една деценија, бројот на првооделенчиња во…

Тренчевска: Без образовни асистенти на првиот училишен…

Образовни асистенти за децата со попреченост на…

Пристигна со Лада Нива затоа што го…

За прв пат Алтернативата за Германија, АфД,…

(Видео) Еден загинат и пет ранети во…

Еден човек загина, а петмина се ранети…