Мицкоски: Од локалните ќе се знае дали ќе има предвремени парламентарни

t

За пет месеци граѓаните ќе бираат градоначалник. Од исходот на локалните избори, според претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, ќе биде јасно дали на државата и се потребни и предвремени парламентарни избори. Партиите во меѓувреме спроведуваат истражувања кого да кандидираат. Претседателот на СДСМ, Венко Филипче вели дека имињата на најголемиот дел од актуелните градоначалници од партијата повторно ќе се најдат на гласачкото ливче.

„На Централниот одбор се донесе одлука и официјално да започнат постапките за кандидирање. Меѓутоа, еден дел од кандидати веќе се знаат, тоа се еден дел од сега актуелните градоначалници и тие имиња ќе ги соопштиме во текот на следната недела.“, рече Филипче.

Останатиот дел од кандидатите за градоначалници на СДСМ, како што додаде Филипче, ќе бидат познати до крајот на јуни. ВМРО-ДПМНЕ пак, ќе ги официјализира кандидатите кон крајот на мај. Претседателот на партијата вели дека е во неформална кампања упте од почетокот на февруари, кога започнал да ги посетува општинските комитети.

„Очекувам во втората половина на месец мај, 85 до 90 проценти од имињата да бидат познати. Анкетите траат, отприлика селекцијата исто така трае, така што очекувам со предлози пред Извршниот и пред Централниот комитет да излезам во втората половина на мај.“, изјави Мицкоски.

Наскоро се очекува средба и на претседателството на ДУИ за прашањето за локалните избори. Исто така, од она што е извесно, е дека и коалицијата „Вреди“, без Алијанса на Арбен Таравари, ќе излезе со заеднички кандидати за градоначалници и советнички листи. Локалните избори се очекува да се одржат во првата половина на октомври, додека пак изборната кампања ќе стартува во септември.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Крмов: Имаме скржава власт која одвои…

Пратеникот Борислав Крмов од Левица на седницата…

Сите на одмор: На „Табановце“ и „Богородица“…

На граничните премини „Табановце” и „Богородица”, времето…

Иран со ново предупредување: Следуваат уште поостри…

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан испрати силна порака…

Прекината истрагата за Панчо од ДНК

Обвинение за 34 физички и три правни…

„На здравје за молкот“

Кратка тажна приказна од нашето секојдневие… Летото…