Мицкоски – Орбан: Со години наназад, политичките и економските врски меѓу нашите држави се продлабочуваат

t

Македонскиот премиер Христијан Мицкоски, утрово имаше куса средба со унгарскиот премиер Виктор Орбан во Охрид.

Тој објави фотографии на Фејсбук и напиша дека имал плодна и пријателска средба со унгарскиот колега.

Историјата сведочи за нашиот заеднички стремеж кон мир, просперитет и соработка. Унгарија во минатото беше еден од првите наши партнери кој ги препозна македонските стремежи за независност и суверенитет. Со години наназад, политичките и економските врски меѓу нашите држави се продлабочуваат, а денешните средби само го потврдуваат нашето стратешко сојузништво.
Унгарија не е само наш партнер во европската сцена, туку и пример за тоа како една држава може успешно да го балансира националниот суверенитет со глобалната интеграција, напиша Мицкоски на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Жалбата на пратеничката Мојсоска уважена: Собранието ќе…

Пратеничката од Левица, Јована Мојсоска, на својот…

Москва тврди: Западот подготвува провокација против американски…

Руската Служба за надворешно разузнавање (СВР) обвини…

Арсовска го фати жив Ѓорѓиевски: На УСЈЕ…

Добро утро Орце Ѓорѓиевски. Незгодно ми е…

Брутален руски напад на Киев – најмалку…

Најмалку 15 лица се убиени, а 114…

(Фото) Закани кон родителите од Кочани: Не…

Продолжува голготата за родителите на починатите деца…