Мицкоски: Парите се во асфалт, не во џебови

t

Денес го пуштаме во употреба експресниот пат Фариш- Дреново, во должина од 10,2 километри, со вредност од речиси 45 милиони евра- проект што е директна инвестиција во развојот, безбедноста и иднината на овој регион, на државата, на секој граѓанин. Овој пат е од витално значење и за Кавадарци, и за Прилеп, и за Битола, и за Ресен, и за сите општини од Пелагонија, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

„Овие пари, како во минатото, по принципот како до сега, не завршија во нечии џебови, не исчезнаа во провизии, тендери и фиктивни договори. Туку се тука, пред вас. Во асфалтот. Во оваа делница. Во реални, опипливи дела.

Дојде време кога државата не е банкомат за моќници, туку мотор на развојот.

Дојде време кога проектите не се рекламираат на хартија, туку се градат на терен.

Дојде време кога парите од граѓаните- се враќаат назад кај граѓаните, преку проекти, патишта, училишта, фабрики.

Денес Македонија се гради- чекор по чекор, делница по делница, проект по проект. Со чесна работа, домаќинска политика и меѓународни партнерства- ја менуваме државата од темел.

Овој пат, Фариш- Дреново, не е само обичен пат туку тој е и порака. Порака дека можеме поинаку. Порака дека ако се сака- се може.

И доказ дека Македонија нема да биде вечно во застој ако што беше изминатите седум години, туку цврсто граби на патот кон напредокот.

Граѓаните имаат очекувања. И ние тие очекувања нема да ги изневериме.

Кога велиме „Ги градиме темелите на промените“, тоа не се само празни зборови.

Тоа се токму проекти како овој, патишта како овој. Тоа се училиштата кои ги обновуваме. Болниците што се реконструираат.

Тоа е новата економија, новата индустрија, новите работни места што се отвораат. И тоа е новото време- време на одговорност, време кога ќе градиме, наместо по принципот како до сега кога крадеа. Доаѓа времето на Македонија. Време на чесна влада, јасна визија и видливи и мерливи резултати“, вели Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: Парите се во асфалт, не во…

Денес го пуштаме во употреба експресниот пат…

Просечната нето плата во Црна Гора надмина…

Просечната нето плата во Црна Гора во…

Страв од враќање на инфлацијата: Централните банки…

Централните банки ширум светот го вклучија алармот…

СДСМ бара одговорност за недостигот на терапија…

Опозицискиот Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ) денеска…

Кумановец украл над 550 таблети и телефони…

Триесет и седумгодишен кумановец се сомничи дека…