Мицкоски: Повикувам на единство и заедничка работа
Почитувани сограѓани,
Денес е историски ден!
Започнува собраниската дебата која ќе стави крај на периодот на неработење, криминал, лоши вредности и разочарувања. – напиша на Фејсбук мандатарот Христијан Мицкоски.
– Со изборот на новата реформска влада, конечно започнува ново поглавје за нашата земја.
Нашите граѓани во минатото се соочуваа со многу предизвици, но секогаш беа лојални кон државата и правеа се’ за таа да биде слободна, независна и просперитетна. Иако имаше разочарувања и предизвици, граѓаните опстојуваа и гордо ги поднесуваа сите случувања.
Сега е време Македонија да направи повеќе за секој граѓанин. Секој Македонец, Албанец, Турчин, Србин, Ром, Влав, Бошњак и сите останати кои вложија се’ за својата татковина.
Македонија треба да возврати.
За вас!
За тебе!
За сите што живеат во оваа заедничка татковина.
Време е да ги засукаме ракавите и да ги решиме проблемите.
Повикувам на единство и заедничка работа.
За нова Македонија, за иднината на нашите деца, за подобар живот за сите нас.
Време е да се исправиме, да го искористиме нашето знаење, нашата енергија и нашата желба за промена.
Да се обединиме во овој момент на историска трансформација.
Да создадеме општество во кое секој граѓанин ќе може да ги оствари своите соништа и да живее достоинствено.
За тебе!
Почнуваме! – напиша Мицкоски на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…
Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…
Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…
Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…
Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…