Мицкоски повторно се дистанцира од минималната плата – зависела од дијалогот меѓу синдикатите и работодавачите

t

Дали ќе има интервентно зголемување на минималната плата надвор од законот, е предмет на дијалог меѓу синдикатите и работодавачите, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Тој вели дека Владата ќе го прифати секое решение за кое меѓусебно ќе се договорат синдикатите и работодавачите.

– Што се однесува до минималната плата имаме закон и во целост го почитуваме тој закон. Дали ќе има некое интервентно згоемување надвор од законот, тоа е предмет на дијалог што го водат синдикатите со работодавачите. Знам дека во ноември ќе имаме седница на Економско-социјалниот совет и очекувам тоа прашање да се отвори таму така што ние како Влада ќе го прифатиме секое решение кое што ќе го договорат работниците и работодавачите, изјави Мицкоски по свеченоста на која беше одбележана 25-годишнината на Фондот за здравствено осигурување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски повторно се дистанцира од минималната плата…

Дали ќе има интервентно зголемување на минималната…

Запленети 2.500 инфузиски сета –10 илјади парчиња…

Запленети 2.500 инфузиски медицински сета – игли,…

Песков: Русија нема да ја заборави помошта…

Русија никогаш нема да ја заборави помошта…

Скопјанец нападнал дете со тупаници и клоци,…

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…