Мицкоски по природа е албанофоб, рече Османи по изјавата на премиерот дека ДУИ по овие избори ќе исчезне од политичката сцена

t

Лидерот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по природа е албанофоб и ги мрази Албанците, рече денеска кандидатот за градоначалник на Општина Чаир од „Националната алијанса за интеграција“ (НАИ) на денешната прес-конференција, промовирајќи го механизмот „Граѓанско око“, наменет за искоренување на корупцијата во општината.

Ова Османи го кажа одговарајќи на новинарско прашање да даде коментар за дел од синоќешниот говор на Мицкоски, на партискиот митинг на првиот ден од изборната кампања, во кој ја критикуваше Демократската унија за интеграција (ДУИ) и нејзиниот лидер, Али Ахмети, на кого, пак, му порача дека по локалните избори ќе оди во политичка пензија.

„Не сум изненаден од вчерашната изјава на Мицкоски по однос на неговата мисија да ја исчезне од политичката сцена ДУИ. Мицкоски по природа е албанофоб, тој ги мрази Албанците. Во неговиот тим нема ниту еден Албанец. Кога патува надвор од државата, не зема Албанци. Го укинува ’балансерот’ зашто сака да ги тргне од институциите. Го укинува албанскиот јазик, зашто му пречи, не сака да го види во документите. Тоа е посилно од него“,рече Османи.

Според него, вознемирува тоа што таа негова омраза кон Албанците се проектира и меѓу граѓаните, но додаде дека нема да дозволи така да биде во општината каде што се кандидира за градоначалник.

„Нема да дозволам таа омраза да влезе во Чаир, оти тука соживотот ни е свет. Ако Мицкоски го укинува ’балансерот’, јас ветив дека ќе правам фонд за правична застапеност за заедниците во Чаир, бидејќи Албанците се тука мнозинство и мора ние да пристапиме и да им помогнеме на помалите заедници. Ако го укинува албанскиот јазик, тука ќе правиме одделение за јазици, не само за македонскиот и албанскиот, туку и за босанскиот, турскиот, па и за ромскиот јазик“,вели тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски по природа е албанофоб, рече Османи…

Лидерот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по…

Цигарите поскапуваат за 10 денари!

Од 29 септември, цените на цигарите во…

Данска прогласи вонредна мобилизација поради нарушување на…

Владата на Данска иницира во вонредна мобилизација…

Водењето бизнис во Македонија е генерално лесно,…

Водењето бизнис во Северна Македонија е генерално…

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ се спремни да ги отрујат…

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р…