Мицкоски: Прагот на толеранција за брзо возење ќе се намалува како што возачите се навикнуваат на „Безбеден град“

t

Премиерот Христијан Мицкоски на првиот ден од целосно воспоставениот систем за следење на сообраќајни прекршоци со камери – Безбеден град, изјави дека со текот на времето прагот на толеранција за брзо возење ќе се намалува како што возачите ќе се навикнуваат на системот. Тој очекува да се намали бројот на прекршоци.

– Го зголемивме прагот на толеранција, односно до 50 ќе биде шест километри на час. Над 50 ќе биде девет километри на час, а над 90 ќе биде 12 километри на час. Се зголеми таа толеранција да не се казнуваат граѓаните веднаш. Но, како што ќе се навикнуваат возачите, така ќе се вратиме на европските критериуми, кои велат толеранцијата да биде не повеќе од 10 отсто. Ние сега сме малку повеќе, некаде околу 15 отсто, рече премиерот

Според него поентата не е да се казнуваат граѓаните, туку да нема последици од сообраќајни несреќи и загубени човечки животи.

Од денеска започнува целосната примена на системот „Безбеден град“, при што повеќе нема да се изрекуваат опомени, туку прекршоците ќе се санкционираат со казни, согласно новиот систем.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: Прагот на толеранција за брзо возење…

Премиерот Христијан Мицкоски на првиот ден од…

Република српска веднаш ќе ја признаат најмалку…

Милорад Додик денеска повтори дека неговата цел…

Нови документи за Епштајн откриваат изобилство од…

Министерството за правда во петокот објави многу…

Основачот на „Енка“ Шарик Тара е роден…

Шарик Тара беше еден од најбогатите Бошњаци…

Ристески: Синдикатите и газдите нека се договорат…

Владата е подготвена да го прифати секое…