Мицкоски: Работите се сериозни поради кризата на Блискиот Исток
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денес во изјава за медиуми се осврна на актуелните случувања на Блискиот Исток, за што истакна дека поради тоа енергетските пазари се чувствителни, а економиите се под притисок, и поради тоа државите мора да бидат сериозни. Тој истакна дека ќе се бори граѓаните на Македонија да плаќаат помалку од оние во регионот.
„Енергетските пазари се чувствителни, динамични и се менуваат од час во час. Економиите се под жесток притисок. Стабилноста на многу држави е на тест. Во вакви времиња државите мора да бидат внимателни. Мора да бидат сериозни. И мора да бидат одговорни“, истакна Мицкоски.
Мицкоски посочи дека во вакви времиња на Македонија најмалку што и треба е политичка паника, а тоа е токму она што СДС се обидува да го наметне, како што вели тој, преку создавање политичка хистерија и деноноќно манипулирање во јавноста.
,,Но во вакви времиња, најмалку што и треба на Македонија е политичката паника. И токму тоа го гледаме од СДСМ, ширење страв, фабрикување со лажни приказни, создавање политичка хистерија. Однесување кое се повеќе наликува на затворен круг што постојано ги повторува истите конструкции. Тоа е истото однесување кое ги доведе до историски пад на околу 100 илјади гласови“, рече Мицкоски и додаде:
,,Како Влада, кога од опозицијата манипулираат деноноќно сме посветени на две работи. Прво, анализа и чекори за кризата која доаѓа предизвикана од светските случувања на Блискиот Исток, но и пошироко. Владата нема да дозволи работите сериозно да се влошат и ќе реагираме. Мојата цел е да имаме најевтини енергенси коишто се точат во регионот, и покрај реалноста која кажува дека мора да има поскапување. Погледнете ги цените во соседните држави, за 40, 50, 60% се повисоки од тие коишто денеска ги имаат македонските граѓани. И тоа нема никогаш да излезе од опозицијата и да го признае никој од таму, а беа истите тие коишто не успеаја да обезбедат вакцини за македонските граѓани, па тогаш во време на најголемата криза, ковид кризата, македонските граѓани мораа да одат во соседството да се вакцинираат, или пак да правиме естрада и шоу на граница, кога добиваме донација од скромни пет илјади вакцини. А денеска, нема никој да каже дека споредено со тие земји од регионот, за 50-60 денари по литар имаме пониска цена на енергенсите. Но ќе се борам и понатаму, нашите граѓани да плаќаат помалку од сите останати во регионот. Токму и тоа беше целта на средбата со претставниците од нафтената индустрија“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Обоена со сина боја зградата на МВР…
Денес на 7 март, светот ќе им…
Мицкоски телефонски разговарал со премиерот на Катар…
Премиерот Христијан Мицкоски денеска телефонски разговарал со…
БТА: Белгија планира да испрати затвореници во…
Белгиските власти го прошируваат списокот на земји…
Средната возраст на населението во Македонија е…
Средната возраст на населението во земјава е…
Македонскиот „Караман“ на чекор до светска афирмација
Генералниот комитет на светска федерација на кинолошки…